Реклама
Вирално

Да не даде Господ да кивнете додека сте на летување – турските хотелиери испратија јасна порака која ќе важи и за македонските туристи

Реклама

Турските хотелиери известија одредени агенции во регионот дека сите гости кои се настинати ќе бидат исфрлени од хотелот.

Дали одморот ќе трае еден месец – две недели на море и две во карантин? Ова прашање го поставуваат секој што веќе платил или сака да оди на одмор. Но се уште многу различни одговори доаѓаат од нашите омилени дестинации.

Маркетинг

Па така додека грчките туристички работници најавија дека прво ќе ги отворат одморалиштата за гости од Балканот, турските хотелиери размислуваат поинаку. Рецепционерот на хотелот има право, доколку се сомнева дека гостинот има Ковид-19, да се јави на лекар и по прегледот може итно да го испрати туристот, со маска, во болница.

Ваквите информации ги објавија српските медиуми повикувајќи се на неколку туристички агенции кои добиле вакви информации од своите партнери меѓу турските хотелиери. Во прашање се туристичките агенции кои уште од минатата година им испратиле аванс за лето 2020 година, а кои турски хотелиери немаат намера да ги вратат.

Маркетинг

Инаку, турската влада е оптимист дека земјата може да биде отворена за деловни активности до крајот на месецов.

Министерот за култура и туризам Мехмет Ерсои неодамна изјави дека се надева дека во неговата земја туристичките активности би можеле да започнат за време на рамазанските празници, на крајот на мај.

Министерот додаде дека очекува редовните летови да се вратат во нормала до крајот на јуни.

Кога ќе почне сезоната?

Почетокот на летната сезона се одложи и на другите познати дестинации заради пандемијата со вирусот корона.

И додека некои веруваат дека дури следната година е реално да планираме безбедно патување, постојат оптимисти кои велат дека оваа летна сезона не е во целост пропадната, пишува магазинот „Сан“.

И додека сите летови во април и мај се откажани, авиокомпаниите очекуваат пикот на патувањата да го доживеат во ударните летни месеци, јули и август, со надеж дека летовите ќе се вратат во нормала во текот на јуни.

Од друга страна совет на многу експерти од областа на туризмот е дека на почетокот на летната сезона е најдобро да се придржувате кон патување низ вашата земја, а се предвидува дека есенските и зимските дестинации оваа година може да бидат попопуларни од кога било досега.

Кога ќе може да патуваме за Франција?

Во моментов, туристите не смеат да влегуваат во земјата. Но сепак, сè уште има светло на крајот на тунелот. Имено, Тур де Франс е одложен за август, што значи дека ќе може да патуваме тогаш низ оваа земја.

Сепак, за секое патување, треба да се почека да се смири ситуацијата, како во Франција така и во светот.

Шпанија и Грција

Туристичките агенции од Шпанија велат дека забележуваат зголемување на резервациите за август и септември, што им ја враќа надежта дека тогаш сезоната би можела да биде во нормала. Од друга страни, други претставници во власта велат дека не очекуваат враќање во нормала на ситуацијата до јуни или јули и дека овие очекувања може да бидат и превисоки. Што се однесува до Грција пак, иако сезоната во оваа земја започнува традиционално за Велигден, оваа година не е така. Според локалните медиуми, ако вирусот се смири, сите мерки може да бидат укинати до јули.

„Јуни е најраната опција“, вели Кристина Тетрадис, портпаролка на Хеленската стопанска комора .

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button