Реклама
Наши ѕвезди

Дарко Лазиќ реши да се преполови на сличен начин како и Боки 13 – погледнете како изгледа неговиот желудник по операцијата

Реклама

Пејачот Дарко Лазиќ веќе две години има тешкотии со вишокот килограми

Тој со дебелината се бори веќе некое време, посебно по тешката сообраќајна несреќа што му се случи во октомври 2018 година.

Маркетинг

Набргу по операцијата вишокот килограми почна да му пречи, посебно заради преголемите болки во колковите. Од овие причини, како што пренесува српскиот портал „Еспресо“, пејачот пред една недела решил повторно да замине под нож и да направи операција на желудникот.

Во прашање е операција која чини околу 3000 евра, а наводно слична интервенција има направено и Бојан Јовановски попознат како Боки 13.

Маркетинг

Баријатриска хирургија

Со баријатриска хирургија се лечи екстремната дебелина така што се намалува обемот на желудникот.

Пациентот по операцијата не може да внесува во организмот големи количини на храна, му се намалува апетитот и благодарение на тоа полека ги губи килограмите. Во просек се губат од 2 до 7 килограми месечно, а процесот на слабеење трае се додека пациентот не ја достигне тежината која е 3 % поголема од идеалната. Операцијата се изведува лапароскопски, што значи:

Минимален рез, Слаба постоперативна болка, Брзо воспоставување на нормална работа на цревата, Намален ризик од инфекции, Речиси невидливи белези, Краток престој во болницата, Брзо закрепнување

Кои се кандидати за баријатриска хирургија?

Индексот на телесната тежина што е над 40 укажува дека лицето е прекумерно дебело и затоа е кандидат за баријатриска хирургија. Ова всушност се однесува за мажи кои имаат 45 килограми вишок, односно жени – 36 килограми. Ваквата процедура исто така може да биде опција и за луѓето со индекс на телесна тежина помеѓу 35 и 40 кои патат од кардиопулмонарни проблеми или дијабетес кој може да им го загрози животот.

Но како и кај останатите третмани за слабеење, успешниот резултат зависи од мотивацијата и однесувањето на пациентот.

Како се изведува?

Низ минимални резови кои се прават на стомачниот ѕид со должина од 4 до 10 милиметри се внесуваат инструменти во стомакот. Со помош на оптички систем хирургот на екранот има комплетен увид во оперативното поле, што му овозможува да ја изведе избраниот зафат.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

И Боки се преполови на сличен начин, но кои се ризиците?

Македонските медиуми уште пред неколку месеци објавија дека Боки има поставено „gasric banding“ на желудникот, односно поставување на силиконски прстен на самиот влез на желудникот. И ако порано се претпоставуваше дека ваквите операции Боки ги правел во странство, сега произлезе дека истата ја направил во една од клиниките во Македонија, која пак реши да го тужи бидејќи не го платил долгот што го имал кон неа по операцијата.

Цената за овој хируршки зафат кој во последно време е се популарен и кај нас, се движи од седум до десет илјади евра, во зависност од болницата и искуството на докторот, а може да се изведе и на неколку клиники во Македонија.

Општи информации

Целосното закрепнување по операцијата трае неколку недели, а ако пациентите се придржуваат до советите на докторите, првите резултати ќе бидат забележани за само неколку дена по зафатот. Првите четири недели се јадат само течни намирници, како што се супи, чај, негазирани и пијалаци без шеќер.

Потоа се преминува на кашеста храна и полека се враќа на редовната исхрана, само што се јаде многу помалку.

Боки пред операциите (Принтскрин)

Силиконскиот прстен се поставува околу горниот дел од желудникот и едноставно му овозможува на пациентот да јаде многу помалку од претходно. Операцијата се заснова на тоа што со собирањето на горниот дел од желудникот се создава мал горен џеб, каде храната застанува, па се создава чувство на ситост и пациентот со време се учи на помали порции. Прстенот е направен од силикон и не му пречи на организмот, велат докторите.

И откако еднаш ќе се постави, прстенот може да се стегне или опушти, што зависи од количината на храната што сакаме да ја ограничиме при внесување во организмот.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Колку е опасна оваа операција?

Поради проблемите со дебелината на популацијата, во некои земји оваа операција е потполно бесплатна. Па така во Британија на пример, бидејќи цената за успешното изведување на истата е мошне висока, Британската национална здравствена служба мора да го ограничи бројот на операциите што значи ако не сте доволно дебели, ќе мора да платите за операцијата.

Од друга страна бидејќи многу здравствени проблеми се појавуваат токму поради дебелината, многу доктори ја препорачуваат оваа операција. Истата е препорачлива за оние кои имаат индекс на телесна маса поголем од 40 кг/м2, кога дебелината е проследена и со дијабетес, пореметено дишење во сонот (sleep apnea синдром), тешки оболувања на зглобовите, тешки психолошки проблеми, како и на лицата кои по успешно намалување на телесната тежина со диета, повторно ги вратиле изгубените килограми.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Со самото слабеење најчесто доаѓа и до значително подобрување на состојбата на придружните болести. Па така кај лицата кои боледуваат од инсулин на независен тип на шеќерна болест (dijabetes melitus), операцијата придонесува да дојде до подобрување на регулацијата на шеќерот во крвта.

Како и кај секоја друга операција, така и кај оваа постои ризик да настанат компликации. Па така тоа најчесто се инфекција, крварење или формирање на крвни згрутчувања во длабоките вени на нозете и последични градни емболии. Исто така постои ризик од настанување на камен во жолчното ќесе или настанување на анемија или остеопороза.

Постои и ризик од опструкција (блокирање) на минувањето на храната, што може да донесе до болки во стомакот, мачнина или повраќање, потоа пад на прстенот, инфекции, враќање на киселината од желудникот во хранопроводот, како и ширење на хранопроводот доколку се внесуваат поголеми количини на храна од оние кои се дозволени.

Според податоците опасност по животот на пациентот кај ваквите операции се движи околу два отсто кај младите лица, додека кај постарите се искачува на 11. Компликациите по таквите зафати се значително почести и според светските податоци изнесуваат од 11 до 15 отсто.

На Боки 13 состојбата му се влошува

Боки денес наводно има големи болки заради неуспешните операции за стеснување на желудникот. Тој од 15 јули се наоѓа во истражниот затвор во Скопје. Тој досега 55 пати е носен на испитување и од ден на ден неговата состојба се влошува заради што деновиве изјави дека се чувствува како експериментален глушец и ги замоли судиите да не си играат со неговото здравје.

Тој е првоосомничен во случајот „Рекет“ и според зборовите на неговиот адвокат Сашо Дуковски, Јовановски воопшто не се чувствува добро и има силни болки заради операциите што не биле успешни. Имено, Боки заради компликациите по операцијата за намалување на желудникот цело време повраќа додека се наоѓа во притворското одделение. Заради ова Јовановски најави дека ќе бара и меѓународна докторска потврда за неговата лоша здравствена состојба.

Тој се пожали и дека неговата состојба се влошува и дека мора да биде хоспитализиран. Тој нагласи дека се чувствува маргинализиран. Тој вели дека бил пред состојба на малигнитет, a обвинителката не ги прифаќа наодите на специјалистите за да каже дека е во добра состојба.

„Вкупно 55 пати бев носен на испитувања. Не сум експериментален глушец. Ве молам да не си играте со моето здравје“, ѝ објаснуваше Јовановски во своето обраќање на судијката за случајот „Рекет“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button