Не е за оние со тахикардија

Познатата фолк пејачка Дара Бубамара не се срами да покаже и повеќе отколку што треба, а тоа можеме да го видиме и од ова нејзино издание.
Имено, контроверзната фолк пејачка откако го доведе до совршенство своето тело постојано се фали со „пикантни“ пози, а овој пат реши да отиде и еден чекор понатаму. Таа на својот профил објави фотографија на која во центарот на вниманието е нејзиното разголено деколте.
И покрај тоа што преку „стратешкиот“ дел од местото има подвлечено дебела црна линија, оваа поза предизвика хаос.

Фотографијата без цензура ѕирнете ја на нејзиниот Инстаграм.
„Тооо Дарицееее“, „Малата грми“, „Светските ѕвезди можат да фаќаат белешки“, и пишуваат нејзините верни фанови.
Интересно е тоа што британските таблоид Дејли стар деновиве пишуваше за Дара, но не баш во позитивен контекст. Имено, тие објавија неколку фотографии и ја критикуваа дека претерано ги обработува во Фотошоп за нејзиното деколте да изгледа поголемо.

Дара не сакаше да даде коментар, но затоа фотографијата е нејзиниот одговор и поздрав до хејтерите.