Реклама
Вести

ДАНКА ИЛИЌ БИЛА ПРОДАДЕНА ЗА ПОСВОЈУВАЊЕ?! Српската полиција разгледува нова можност

Реклама

Најмалку два автомобили во кои има жени кои личат на двете Романки од видеото од Виена преминале на граничниот премин Кладово-Турни-Северин со Романија, забележала српската полиција прегледувајќи снимки од камерите на преминот, пишува српски Информер.

Дали во едно од тие возила беше скриено мало девојче, кое наводно е малата Данка?, прашува Информер.

Претходно беше откриено дека мајката на девојчето го гуглала овој премин по исчезнувањето на Данка, како и дека родителите ја однеле Данка на специјалистички преглед пред исчезнувањето.

Маркетинг

Истворемено, Полицијата во Виена разгледува снимки од трамваите 71 и 1 во градот кои сообраќаат на станицата каде беше снимено видеото од српски државјани на кое наводно е прикажана исчезната Данка со двете Романки.

Маркетинг

Српската полиција речиси ја отфрлила можноста двегодишната Данка Илиќ да била киднапирана, а ја носи во игра можноста девојчето да било продадено од некој од околината, тврди неименуван извор за српски „Информер“.

По објавеното видео од Виена кое сугерира дека Данка била префрлена преку граница со две жени од Романија, српската полиција ја прошири истрагата.

Но, доколку се докаже дека во видеото не се работи за Данка Илиќ, тогаш, според Ивана Стевановиќ од Институтот за криминолошки и социолошки истраги во Србија, станува збор за трговија со луѓе, во овој случај, со цел посвојување, пишува Блиц.

Потрагата по двегодишното девојче Данко Илиќ (2) од Бор, кое исчезна во вторникот на 26 март во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско поле, влезе во осми ден, но се уште нема јасна информации за судбината на детето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button