Според епидемиологот Драган Даниловски сега имаме информации за вирусот, структурата и како може да се лекува.
Комбинации од леков на антималарик и азитромицин или популарниот Сумамед ќе се дава и на нашите пациенти. Но граѓаните да не го зимаат на своја рака бидеќи тој може да предизивка а аритмии и останати несакани дејствија,познато е дека овие лекови може да ја олесни клиничката слика на заболениот да ја намали на хоспитализацијата, но, засега не познато е дали може конкретно да се излечи вирусот, но сепак и олеснуавње на клиничката слика е добра вест, така ќе се намали и смртноста, вели Даниловски.
Министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека тоа е комбинацијата на терапија која досега во повеќе публикации укажува на тоа дека дава добри резултати во лекувањето на пациентите со коронавирус.
– Процедурата е таква што протоколот за лекување треба да се прифати на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести, што се направи изутрината и денеска и веќе утре треба да се заврши формално правната постапка со добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде тоа е индицирано. Станува збор за терапија за која ќе се прават клинички студии, но многу земји веќе ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји, рече Филипче.