Даниела Темелковска СЛАВЕШЕ РОДЕНДЕН: Погледнете како ѝ честитаа синот и снаата – НЕМА ПОСРЕЌНА од неа
Честитки пристигнуваат од сите страни, популарната македонска фолкерка славеше роденден.
Најубавите роденденски честитки Даниела ги доби од својот син и снаата.
Даниела Темелковска е една од најубавите, но и најзгодните пејачки на македонската фолк-сцена, а мора да се признае и дека времето како да запрело за неа.
Годините не ѝ можат ништо, таа изгледа исто како на почетокот на нејзината кариера.
Задоволна е од својот изглед и се чувствува одлично во својата кожа, па токму затоа и воопшто нема проблем да се појави и во малку попровокативни изданија.
На нејзината витка линија може да позавидат и помладите девојки.
Даниела е згодна мајка, свекрва и баба.
Во септември минатата година нејзиниот единствен син Даниел „рипна во тавче“.
Пејачката му направи голема свадба на која присуствуваа многу познати личности и нејзини колеги.
Даниел инаку тргна по нејзините стапки и веќе реди успеси и во музиката.
Годинава пејачката доби нова животна улога – баба.
Таа откри дека добила внука, која ја крстиле Јана.
По повод родеденот на Даниела, нејзиниот син и снаата одлучија јавно да и го честитаат.
Даниел сподели нивна досега невидена фотографија, додека пак снаата роденденот ѝ го честиташе со фотографија од малата Јана, а во опис напиша: „Среќен роденден баба“.
Сепак и нејзините колеги од „Мерак меана“ во еден глас ѝ пееја роденденска песна.
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска