Реклама
Вести

Данела Арсовска има идеја, начин и желба да ја направиме Македонија наш дом – одраз на слобода

Градоначалничката на свечениот момент се појави во многу убаво и издание, со уредна фризура и шминка, облечена во бизнис -кежуал стил

Реклама

Актуелната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, од вечерва и официјално стана прв човек на партијата „Нова алтернатива“. Арсовска ќе учествува на претстојните избори.

 

Горда сум на тоа што во Македонија има луѓе кои се со цврсти ставови, луѓе со интегритет, оние кои ја знаат разликата меѓу добро и лошо и одбиваат да бидат измамени. Од друга страна разочарувачки е што по три децении независност и три генерации политичари, Македонија е истата земја во којашто просперитетот е само збор во политичка кампања, рече таа на церемонијата на свечебото назначување, вели Арсовска.

Маркетинг

Според Арсовска Македонија е земја во којашто половина милион граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, земја во којашто царува криминалот, корупцијата, непотизмот.

Маркетинг

 

Спомена дека е горда затоа што не припаѓа на овој деформиран и ретрограден, корумпиран политички естаблишмент, туку дека припаѓа на генерација којашто е од една страна сведок на сите неправди, а од друга страна што знаеме како да ги исправиме истите.

Стојам пред вас тука луѓе кои сте чесни, со идеја, начин и желба да ја направиме Македонија наш дом кој ќе биде одраз на слобода, просперитет и правда. Стојам пред вас со нашата Нова Алтернатива, рече таа.

Арсосвка како градоначалничка ја тресат низа скандали и случувања.Ммислењата за тоа дали народот ја сака или не се поделени.

Време е политиката да биде натпревар на идеи, натпревар на проекти, да биде натпревар на методи и понуда на подобар живот наспроти досегашното поимање на истата како начин на стекнување на привилегии и брзо збогатување. Политиката не смее да биде извор на раздор, на поделби, таа треба да биде точка на зближување и мост за надминување на сите проблеми преку дијалог, рече Арсовска.
Градоначалничката на свечениот момент се појави во многу убаво и издание, со уредна фризура и шминка, облечена во бизнис -кежуал стил. Таа за оваа пригода одбра елегантен костум на риги во тегет боја, искомбиниран со бела кошула. Вистинска елеганција во движење.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button