Дама со стил: Погледнете како денес изгледа сопругата на Гоце Арнаудов
Младешки изглед и витка става ја красат оваа убавица.
Сопругата на македонсиот легендарен пејач изгледа како времето да запрело за неа.
Не постои Македонец кој не знае некоја од неговите песни, не постои веселба која може да помине без неговата музика.
ФОТО: Принтскрин
Гоце Арнаудов остави трајни вредности, остави стихови кои секогаш ќе ја отсликуваат македонската судбина.
„Огин и пламен“, „Ај да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Штом ноќта помине“ се само дел од песните без кои не може да се замисли ниту една прослава во земјава.
ФОТО: Принтскрин
Неговиот живот згасна на 6 декември 2011 година.
Зад себе ги остави сопругата Силвија, синот Оскар и ќерките Харита и Кристина.
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова
Единствена која тргна по неговите стапки е Кристина.
Љубовта меѓу него и Силвија започнала уште додека таа била дете. Таа му била најголема поддршка во сѐ што правел и секаде одела со него.
ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова
За медиумите и самата велела дека многу среќна со него и дека тој правел сѐ за таа да е среќна и да се чувствува убаво.
Силвија денес живее во Струмица и е поветена на своите внучиња.
ФОТО: Принтскрин
Нејзината ќерка Харита сподели фотографија од неа и јавно ѝ го честиташе роденденот.
Од фотографијата може да се забележи дека Силвија е дама со стил и изгледа прекрасно.