Таа е импулсивна, бунтовна, слободоумна, жива, забавна, темпераментна, пркосна, а мажот кој ќе ја освои може да смета дека добил вистинско богатство!
Бестрашен и природен водач, роден да биде во водство, поради што таа е првиот знак на Зодијакот – Овен со својата енергија, харизма и динамичност е во состојба да ги засени сите други знаци.
Таа секогаш со нетрпение чека нови предизвици, така што типичната жена родена во знакот на Овен е човек кој не може да чека да започне нов ден и да види што му носи. Сепак, поради својата нетрпеливост, таа има тенденција да премине на нов предизвик пред да заврши претходниот.
Таа е вечен и непоколеблив оптимист, а нејзиното поле на интерес е често борбата за правата на другите, како и борбата за подобра иднина. Таа може да биде многу разиграна и е одлична авантуристичка која секогаш со нетрпение очекува, нешто ново. Како и сите, има недостатоци, најчесто себичност, преголема тврдоглавост и љубомора. Таа е многу страствена во љубовта. Таа сака да преземе иницијатива и да биде таа што ја заведува другата страна.