Реклама
Вирално

Дали ќе имате полесна или потешка форма на ковид-19 зависи од вашата крвна група, научниците открија кои се најзагрозени

Реклама

Ова прашање ги мачи лекарите и научниците кои се обидуваат да спасат што повеќе животи и да ѝ стават крај на болеста која го погоди целиот свет.

Генетичарите ја истражуваа ДНК за да најдат одговор на прашањето како тоа коронавирусот делува и зошто кај различни луѓе има широк диапазон на симптоми.

Маркетинг

Имено, една студија на европските научници наиде на силна врска меѓу генетските варијации и болеста ковид-19, која предизвикува коронавирус. Варијациите на тие точки во човечкиот геном се поврзани со зголемен ризик по респираторниот систем.

Една од овие точки вклучува и ген кој ја одредува нашата крвна група. Луѓето со крвната група „А“ имаат 50 отсто поголеми шанси да завршат на респоратор.

Маркетинг

Генетичарите се надеваат дека и ДНК тест би можел да ги идентификува пациентите на кои ќе им биде неопходна агресивна терапија. Доколку би се нашла точна причина поради која одредени гени го зголемуваат ризикот од тешки заболувања, тоа би можело да им помогне на творците на новите лекови.

Ова не е првпат крвната група „А“ да се појави во истражувањата и да биде означека како потенцијално ризична. Кинеските научници исто така пронајдоа дека пациентите со таа крвна група имаат поголеми шанси да развијат сериозен облик на ковид-19, но некој не знае зошто е тоа така, објави Њујорк Тајмс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button