Дали ја препознавате оваа девојка – денес е една од најубавите жени во Македонија
Познатата македонска водителка објави фотографија од времето кога била средношколка.
Без шминка и филтери, Милена изгледала прекрасно и во средно училиште.
Водителката Милена Антовска денес е една од најубавите жени на нашата јавна сцена.
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
Милена редовно објавува фотографии на Инстаграм од нејзините модни комбинации, секогаш е дотерана и ги следи трендовите за мода.
Со години е дел од утринската програма на Канал 5 телевизија, а тоа подразбира рано станување.
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
Без оглед на тоа, Милена сеогаш изгледа средено од глава до пети.
Од неодамна направи мала промена на бојата на косата.
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
Иако долго време е црнка, Милена е одлучи а мало осветлување и освежување на изгледот.
Веднаш доби комплименти дека новата боја одлично ѝ прилега.
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
Водителката на Инстаграм сподели стара фотографија од своите средношколски денови.
Како што пишува во опиот, таа учела средно во гимназијата „Орце Николов“.
На фотографијата Милена и нејзината пријателка позираат во целосно природно идание, без ниту грам шминка и филтери, што е реткост а денешните генерации.