ДАЛИ ЈА ПРЕПОЗНАВАТЕ: Еве како денес изглед Фифи – ѝ се исполни НАЈГОЛЕМАТА ЖЕЛБА
Популарниот Фифи го мени полот, па сега воопшто не личи на себе.
Кога се појави на македонската јавна сцена а ги сруши сите табуа и предрасуди кај луѓето.
Предизвика бура реакции кај публиката, а неговата цел беше токму тоа – никој да не остави рамнодушен.
Гордо се носеше со сите негативи коментари, а неговата упорост и истрајност го доведе до посакуваната цел.
Македонија не беше подготвена за некој толку отворено да зборува за својата сексуалност, но Фифи успеа во тоа што го намисли.
Фифи Јаневска, родена како Филип Јаневски е првата јавна личност во земјава која отворено кажа дека е трансексуалец.
Иако уживаше голема популарност и сите мислеа дека го чека голема музичка кариера, Фифи одлучи да се повлече и повеќе да не е дел од јавната сцена.
Денес Фифи живее во Стокхолм, Шведска.
Колку добро е прифатена во Шведска докажуваат фотографиите кои таа ги споделува на социјалните мрежи, каде се гледа дека во црква изведува познати евергрини.
Балканска популарност стекна со учеството на Икс фактор.
Ја поддржуваа сите членови на жирито, освен Жељко Јоксимовиќ. Таа во шоуто учествуваше заедно со Маринела, ќерката на Слаѓа Делибашиќ и Џоле Џогани, но многу брзо испаднаа од натпреварот. Нејзиното учество беше одбележано и со медиумскиот cкaндaл што настана по коментарот на Жељко Јоксимовиќ кој тогаш беше дел од жирито.
Уште додека учествуваше во шоуто изјави дека нејзината кариера вистински ќе започне кога целосно ќе ја заврши транзицијата и кога ќе ја направи операцијата за прилагодување на полот.
„Ослободете се од предрасуди. Оставете секој човек да биде тоа што сака да биде. Немојте да живеете во ограниченост и црно-бел свет. Многу е поубаво и човековата душа е поисполнета кога прифаќаш сѐ, живееш во свет кој ги опфаќа сите бои и се радуваш на сечиј успех. Сите сме луѓе, сите сме исти” напиша таа во една прилика на нејзиниот профил на „Фејсбук“.
Активна е на социјалите мрежи, па публиката може да следи што се случува во нејзиниот живот.
Конечно си ја исполи најголемата желба и го смени полот.
Фифи сега откако го промени полот, конечно доби можност да биде она што отсекогаш сакала да биде – жена.
Вели дека Шведска ѝ нуди големи можности и дека конечно научила и сфатила како е да си независна личност.
Се повлече од јавноста и многу ретко се враќа во Македонија.
Денес на социјалните мрежи се претставува како Џија и сѐ уште се занимава со музика. На македонската музичка сцена би се вратила само доколку добие некоја интересна понуда.
Погледнете повеќе нејзини фотографии и видете како таа изгледа денес:
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска
ФОТО: Фејсбук/ Џиа Јаневска