Немаше некој кој не ја гледал популарната сапуница „Касандра“.
фото инстаграм/Хенри Сото
Оваа возбудлива приказна ја гледавме една година, а нејзините ликови се сеќаваме и денес. Сепак, оттогаш поминаа повеќе од 30 години и времето го направи своето, па сигурно нема да ги препознаете повеќето од актерите денес.
фото инстаграм/Хенри Сото
Целиот регион ја памети убавата црнокоса и нејзината судбина.
Кога во 1992 година беше прикажана првата епизода цела Македонија беше воодушевена а како што одминуваа епизодите, многумина станаа вистински вљубеници во нејзините ликови.
фото инстаграм/Хенри Сото
Многумина беа маѓепсани од убавата главна актерка, Кораима Торес, која ја толкуваше улогата на Касандра.
фото инстаграм/Хенри Сото
Женските срца пак ги освои , Освалдо Риос, кој играше два лика, браќата близнаци Игнасио и Луис Давид Контрерас.
Актерот Хенри Сото иако не беше во главната улога исто така беше миленик на жените.
фото инстаграм/Хенри Сото
Во серијата тој имаше многу специфично занимање, го играше Ранду, фрлач на ножеви кому Касандра му беше ветена.
Оваа возбудлива приказна ја гледавме една година, а нејзините ликови се сеќаваме и денес. Сепак, оттогаш поминаа повеќе од 30 години и времето го направи своето, па сигурно нема да ги препознаете повеќето од актерите денес.
фото инстаграм/Хенри Сото
Хенри Сото или Ранду, е роден во Каракас на 29 мај 1961 година, а бидејќи поминаа повеќе од три децении од снимањето на „Касандра“, актерот денес изгледа многу поинаку.
фото инстаграм/Хенри Сото
Сото сега глуми во театар и се занимава со хуманитарна работа, а од време на време на социјалните мрежи споделува фотографии и видеа од снимањето на „Касандра“, а очигледно оваа улога му останала во добро сеќавање.
фото инстаграм/Хенри Сото