Ако имате вишок мајчино млеко има неколку чудни начини кои може да ги користите. Некои жени го практикуваат ова, додека други се плашат.
Мајчиното млеко е најмоќната храна на светот поради витамини, минерали, масти и други хранливи материи.
Погледнете ги овие креативни, генијални идеи како може да го искористите мајчиното млеко:
Накит
Можно е да се направи накит од мајчиното млеко. Никол Каминга од Велика Британија користи специјална техника за да го претвори своето млеко во уметнички дела. Таа направи профитабилна работа и прави накит за други мајки.
Сладолед
Сладоледот од мајчиното млеко може да биде вкусен десерт . Мајките едноставно миксат малку мајчино млеко со мраз. Некои мајки дури и додаваат овошје како банана или јагоди за да му дадат нов вкус на сладоледот.
Сапун
Мајчиното млеко е совршено за чистење на кожата, а покрај тоа ќе омекне бидејќи содржи суштински протеини, амино киселини и витамини.
Сирење
Пред неколку години, главниот готвач на еден ресторан во Њујорк, Даниел Анжер, и неговата сопруга Лори, ги изненадија своите гости со тоа што им понудија специјално сирење направено од мајчино млеко.
Даниел, исто така, го објави и неговиот рецепт кој вклучуваше 4 чаши млеко, јогурт, портокалова и морска сол, за неговиот специјалит едноставно наречен „Сирење од мајчиното млеко”, додавајќи дека заинтересираните може да го пробаат додека имаат залихи. Па, доколку не ви е проблем,
Лосион
Мајчиното млеко, исто така, може да се користи и за нега на бебето, ако го користите за да направите крем.
Мајчиното млеко во форма на лосиони може да се користи за грижа за кожата од егзема, осип од пелена, но исто така и за постарите деца и возрасните за лекување на акни.