Реклама
Наши ѕвезди

Дали забележавте: Неда Украден не се пофали само со негативниот коронатест, еве што има друго позитивно

Реклама

Неда Украден пред неколку дена објави фотографија на Инстаграм, под која се пофали дека е негативна на тестот за корона, но на сите им се испушти еден детаљ.


Кога малку подобро ќе се погледа сликата може да се забележи дека пејачката има нов автомобил, и тоа ни помалку, ни повеќе туку јагуар. Во прашање е многу луксузно возило, теренско, чија цена на пазарот е најмалку 50.000 евра.

Неда со години беше верна на возилата „Мерцедес“ и тоа теренските, од кои најдолго време возеше бел џип, чија вредност е меѓу 30.000 и 50.000 евра.

Маркетинг

Неодамна, Неда Украден беше пресреќна кога дозна дека резултатите од тестот беа негативни, па пејачката успеа да патува таму каде што планирала, со оглед дека објави фотографија од својот автомобил.

Маркетинг

„Збогум. Живот во ерата на короната, се вратив во живот“ – напиша пејачката, меѓу другото, со објавување на својот негативен резултат на тестот.


Инаку, Неда неодамна се најде во центаот на вниманието со нејзиниот апел и музичарите да добијат помош од државата.


Откако пејачката се произнесе со идејата дека пејачите треба да добијат помош од државата за време на вонредна состојба поради пандемијата со вирусот корона, некои нејзини колешки не се согласија со овој став.

„Што ќе ни се субвенции на нас пејачите, нека им дадат на најранливите. Има толку многу болни деца и социјални случаи на кои навистина им е потребна помош“ – истакна Мира Шкориќ и додаде дека оние што заработуваат најмногу пари се оние што најмногу се жалат.


„Ќе има пари и настапи, но сега сите треба да се стиснеме и да заштедиме малку“ вели таа.

Поврзано

Back to top button