Реклама
Наши ѕвезди

Дали е ова новата девојка на Марија Шерифовиќ? (фото)

Реклама

Емотивната пејачка крие посебна личност

Познатата српската пејачка, 34-годишната Марија Шерифовиќ, ја сподели фотографијата на нејзиниот профил на Инстаграм со која ги изненади своите следбеници. Имено, Шерифовиќ објави фотографија на која се гледа како се држи за рака со некоја а под неа напиша трогателна посвета.

Маркетинг

„Да ја држиш нејзината рака во јавноста е уште еден начин да и покажеш колку се гордеете со неа “, напиша пејачката, и им посака на обожавателите сладок сон.

Маркетинг

Инаку Шерифовиќ деновиве го прослави 34-тиот роденден и во таа прилика изјави дека не сака љубов.

„Не посакав љубов, мислам дека тоа создава само големи проблеми. Колку сум постара, имам се помалку и помалку нерви за луѓето и за дружење и за естрадата. Сè е пластично до тој степен, како ПВЦ. Се обидувам да водам мирен живот, можеби од страна гледано звучи возбудливо, но е здодевен. Денес, сфатив дека газам во 35-та години и дека е време да почнам да водам опуштен живот. Единствениот дел што треба другите да го знаат за Марија е кога ја работам мојата работа”, заклучи пејачката пред некое време, но се чини дека нејзините желби од тогаш малку се променија.

https://www.instagram.com/p/Brxw-Mijctl/

 

Сè уште не е познато на која девојка Марија мислеше, но едно е сигурно – таа е многу горда со неа. Инаку, само да потсетиме, Марија ги откажа последните два концерти, а обожавателите посебно се загрижени поради нејзината неодамнешната фотографија што ја сподели на својот профил на Инстаграм, а на која лежи во кревет и прима инфузија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button