Реклама
Вирално

Дали децата треба да се чуваат подалеку од постарите лица заради коронавирусот?

Реклама

И дали и ние треба да престанеме да ги посетуваме постарите лица во семејството заради опасност од ширење на коронавирус?

Многу познати бендови ги одложија своите пролетни турнеи. Италија е заклучена целосно, но и многу други земји во кои е и Македонија. Постојано не советуваат да не се ракуваме со рацете, да не пиеме од исто шише, да не ги триеме очите и што е најважно – постојано да ги миеме рацете. ОК, ќе прифатиме дека ова е нешто ново за нас, иако зарем не не’ учеле на истото уште од мали нозе? Но тоа не е се’, се прават списоци и апликации со луѓе што треба да се избегнуваат (Кинезите посебно се стигматизирани насекаде низ целиот свет), како и места, а коронавирусот продолжува да се шири и понекогаш ни се чини како ништо да не го запира.

Од друга страна како што COVID-19 продолжува со навидум незапирливото ширење низ целиот свет, заштитата на старите лица стана клучна цел за сите нас.

Маркетинг

Неодамна и францускиот претседател Емануел Макрон отворено ги охрабри луѓето да престанат да ги посетуваат постарите членови на семејството. „Ние мора да избегнеме колку што е можно повеќе да ги посетуваме нашите постари роднини“, изјави Макрон додека гостуваше во еден пензионерски дом во Париз.

Но не се согласуваат сите со него. Некои сметаат дека тоа е дури и глупаво.

Маркетинг

Ефекти на осаменоста

Постарите луѓе се повеќе подложни на сериозно заболување, а лесно можат и да го изгубат животот од Ковид-19, но некои експерти велат дека не треба да заборавиме дека социјалната интеракција е клучна за нивното ментално и физичко здравје. Па така некои од нив советуваат да не ги заборавите старите лица, но треба да бидеме внимателни и свесни.

Тоа значи дека треба да бидеме сигурни дека немаме грип (ако сме тестирани на пример или ако веќе подолго време и самите сме поминале во изолација и држиме социјална дистанца). Исто така треба постојано да ги миеме раце и да избегнуваме посети кога страдаме од симптоми на болеста.

За старите и осаменоста е опасна

Според д-р Ами Рокач, клинички психолог од Универзитетот Јорк во Канада, кој ги студира ефектите на осаменоста во последните четири децении, таа навистина може да придонесе за влошување на здравјето, па и да предизвика губење на животот. „Стресот во целина го ослабува имунолошкиот систем“, вели тој за „Сити Њуз“.

„И осаменоста предизвикува стрес, така што може да предизвика секаков вид проблеми, како висок крвен притисок, се покажа дека придонесува за дијабетес, придонесува за срцеви проблеми и ги интензивира заболувањата што веќе ги доживее човекот. Осаменоста придонесува не само за емотивните теми како депресијата и ниското самопочитување, туку и на морталитетот “.

Одржување контакт за време на карантин

Рокач вели дека ако постар човек се најде во карантинска ситуација или во самоизолација, важно е да се одржи контактот со нив и јасно да им се објасни што се случува и зошто.

„Кога една постара личност ќе види дека никој не доаѓа (да го посети), тие велат,„ ме заборавија, а јас едноставно не постојам за нив.“ Но, ако може треба да се помогне да се види дека тоа е привремена состојба и дека тоа се прави затоа што тие се згрижени, затоа што тие се важни и треба да ги заштитиме . Тие можат да се поврзат со семејството и пријателите преку Интернет, преку Скајп, преку телефон“, вели овој доктор и додава дека постојано треба да ги потсетуваме дека тоа е привремена состојба, и дека тоа се прави за да ги заштитиме и затоа што тие ни се важни.

Дали децата треба да ги посетуваат?

Знаеме дека постарите лица имаат ослабен имунолошки систем, а децата се како магнети за микробите. Па, од тука разумно е и да се запрашаме дали треба да се гледаат додека не заврши епидемијата од Ковид-19?

Според експертите децата не треба да се третираат поинаку, претпоставувајќи дека нема знаци на болест.

И навистина, идејата физички да не се посетувате едни со други е релевантна само доколку едниот од двајцата членови е навистина болен и постои ризик некој да може да ја пренесе инфекцијата на другиот“, истакнува докторот Рокач..

„Една од најголемите радости што ги имаат моите постари пациенти е всушност гледањето на нивните внуци. Тие сакаат да ги видат своите внуци, сакаат да ги видат своите деца. Ефектите на осаменоста можат да бидат поразителни, затоа клучно е старите лица да одржуваат социјални врски“, вели тој.

Веќе и во Македонија имаме стари лица кои немаат член на семејство или пријател кој може да им помогне во некои основни задачи, како на пример, да им подигнат рецепт или да им купат нешто од продавница или лекови од аптека.

Значи, има многу луѓе кои веќе со денови се во изолација, кои се постари и кои се чувствуваат осамено. Социјалната изолација го зголемува ризикот од депресија, осаменоста, но и други проблеми, велат експертите.

Од друга страна постарите лица навистина се подобро кога ќе ги видат своите најблиски, па затоа не заборавајте на нив. Одржувајте контакт со нив, ако ништо друго, тогаш барем преку мобилен или видео повик.

Понекогаш и тоа може да биде доволно…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button