Реклама
Вирално

Дали вакцината против грип во бременоста предизвикува аутизам кај децата – оваа студија ги отфрла сите сомнежи

Реклама

Нова, сеопфатна студија објавена во понеделникот во списанието „Анали на интерна медицина“, покажуваат дека вакцината во бременоста не предизвикува аутизам кај новороденчињата.

Во рамките на истражувањето следени се околу 70.000 мали деца, родени во седум здравствени области во Шведска од октомври 2009 година до септември 2010 година. Околу 40.000 од тие деца биле изложени на вакцина против грип А (Х2Н1) во матката.

Маркетинг

Научниците од институтот „Каролинска“ во Стокхолм ги следеле бебињата во просек 6,7 години и утврдиле дека 1 процент од децата чии мајки биле вакцинирани во бременоста и 1,1 отсто од децата, чии мајки не се вакцинирале страдале од спектар на аутистично нарушување (АСД).

ФОТО: getty images

Вакцинацијата во првото тромесечие од бременоста исто така не е доведена во врска со зголемениот ризик од АСД во однос на вакцинацијата во подоцниот период на бременост, што е спротививно со претходната студија, која укажуваше на благо зголемен ризик од болести во случај на вакцинација во првото тромесечие.

Маркетинг

Андерс Хвид, епидемиолог од Универзитетот во Копенхаген, кој не учествувал во студијата, вели дека новите резултати не го изненадиле.

– Знаеме дека аутизмот има изразена генетска компонента и дека не постојат сигурни научни докази за уверувањето дека вакцинирањето на мајките во бременоста или вакцинацијата во детството може да предизвикаат аутизам, тврди Хвид.

Многу е поголема опасноста дека бебето ќе биде мртвородено или предвремено родени доколку бремената жена добие тешка форма на грип.

Воздржаноста кога е во прашање вакцинацијата расте, но „новата студија покажува дека вакцинирањето на мајката против Х1Н1 не е поврзано со зголемен ризик од АСД или аутистично нарушување (АД)“, вели Усени Зербо, научник од асоцијацијата „Кајзер Перманенте“ во Северна Калифорнија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button