Реклама
CelebrityНовости

Дали Бред и Џенифер се смирија?

Реклама

Џенифер Анистон го прослави својот 50-ти роденден.

Иако нејзиниот вистински роденден е на 11 февруари, актерката организираше роденденска забава за време на викендот.

Маркетинг

Актерката забавата  ја правеше во хотелот “Сансет-кула” во Лос Анџелес, во друштво на најпознатите лица во светот, меѓу кои и Елен Дегенерс, Гвинет Палтроу, Џорџ и Амал Клуни, поранешната колешка од серијата Пријатели, Лиза Кудров, и многу други, вели Космополитен.

Но, гостин кој привлече најголемо внимание беше нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. Според американските медиуми, актерот пристигнал во возилото на затемнети прозорци и се обидел да се скрие, но беше уловен од папараци.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BtswtcyhqRQ/?utm_source=ig_embed

Што се случувало и како Џенифер го поздравила својот поранешен споруг, сè уште е непознато, но оваа фотографија предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, на кои се повеќе се прашуваа дали повторно се заедно.

https://www.instagram.com/p/BtvJosfhLh-/

 

Да потсетиме, Џенифер и Бред се запознаа во 1998 година и се венчаа во 2000. Тие беа една од најпопуларните холивудски двојки додека не се разделија во 2005 година поради Анџелина Џоли. По Бред, Џенифер се вљуби во актерот Џастин Теру, со кого таа се омажи во тајност во 2015 година, но тие, исто така, објавија развод во февруари минатата година, само еден ден по Денот на вљубените .

Поврзано

Back to top button