Дали апокалипсата ни се приближува? Три библиски пророштва кои се исполнија деновиве и кои укажуваат на крајот на светот!
Во само неколку месеци се остварија три библиски пророштва?
Во последно време се остваруваат некои библиски пророштва па одредени еврејски свештеници тврдат дека Исус би можел да се појави за многу брзо време. Но од друга страна некои тврдат дека не доаѓа Исус туку Антихрист и дека ќе предизвика апокалипса додека Исус ќе дојде дури по тоа време.
Првиот знак е фактот дека по 2 илјади години оваа година во Светата Земја се отели совршено црвено јуне, без мана, а според еврејската библија тоа значи дека евреите по 2000 години ќе се вратат во Израел, дека Светиот храм ќе биде повторно изграден, (за Антихрист) милијарди луѓе ќе ги снема од земјата во текот на следните седум години поради природно катастрофи. Антихристот се разбуди и ќе владее со светот, а битката Армагедон ќе започне во близина на Израел. По тие денови на тага и голема болка – доаѓа Исус.
Пред некое време беше исполнето и пророштвото по старозаветниот пророк Езекиел кој пророкувал дека Мртвото море на крајот на времето ќе биде полно со риби односно дека пред крајот на светот солените води повторно ќе бидат полни со животни.
Според Езекиел „ќе бидат тоа многу големи мноштва риби“ имено, нивото на Мртвото море е 400 метри пониска под нивото на морето и ја преставува најниската точка на земјата. Поради пресоленото опкружување, тоа е место каде не можат да преживеат животни, освен некои бактерии, па затоа и се вика така како што се вика.
Но сега Мртвото море оживува, наводно се откриени извори со свежа вода и во неа се појавуваат риби.
Ниам Бднеин, израелски фоторепортер минатиот месец објави фотографии од живи суштества во мали водени површини околу Мртвото море. Тој вели дека на истото место воочил и растенија, што исто така е необично.
Ова место е проклето во библиските времиња, а сега можете да дојдете тука и да видите риби на местата каде водата се повлекува. За сето тоа зборува и Езекиел, кажал Ниам, а пренесе порталот 24 сата.хр.
Третата необична појавам односно третиот знак дека доаѓа крајот на светот и дека доаѓањето на Месијата е блиску, е змијата која пред некоја недела се појави од каменот на израелскиот ѕид на плачот и ја прекина молитвата на присутните. Таа предизвика паника меѓу верниците. Наводно се обиде да го нападне гулабот што некои го толкуваат со тоа дека живееме во опасни времиња.