Реклама
CelebrityНовости

Дадилката на Карлеуша доби отказ, причина аферата на Jeлена со Врањеш за која таа знаела

Реклама

Пејачката Јелена Карлеуша првпат пред ТВ екраните прозборе за бракот со фудбалерот Душко Тошиќ.

Претходните месеци, Јелена често беше на мета во медиумите поради нејзиниот брак и се пишуваше дека наводно парот се разведува.

Маркетинг

Во емисијата „Ѕвездите на Гранд“, таа се обрати на Саша Поповиќ и се пошегува:

Саша, знаеш ли што ми вели маж ми за „Гранд“? Ми кажа: „Нас нема да не разведат медиумите, нас ќе не разведе „Гранд“. Ние со години не сме заедно, поради „Гранд“, изјави Јелена.

Маркетинг

За потсетување, од јануари , Карлеуша е во центарот на медиумите бидејќи наводно имала афера со босанскииот фудбалер Огњен Врањеш и се шушкаше дека токму неверството е причина за нивната разделба.

Душко Тошиќ одлучил да воведе драстични мерки се со цел да го спаси бракот со Јелена Карлеуша, а првото нешто што го направил после враќањето од Кина е промена на помошничката, пишува српски „Курир“.

Според нивните пишувања, спортистот и дал отказ на дадилката која на Карлеуша и служела и асистирала последните 10 години и вработил нова. Тошиќ на овој чекор се одлучил затоа што се посомневал дека токму дадилката во последните две години ја штитела Јелена додека тајно се гледала со фудбалерот Огњен Врањеш. Според зборовите на соговорникот на „Курир“, Карлеуша не застанала во одбрана на жената која што цели 10 години стоела зад неа и и помагала за се’.

Душко одлучи работите да ги превземе во свои раце. Со години ја слушаше Јелена за се, не и се мешаше во ништо, но сега тоа се промени. За жал, од аферата на Карлеуша најдебелиот крај го извлече куќната помошничка.

Фудбалерот се сомнева дека таа го криела Огњен кога доаѓал во нивниот дом, па затоа и даде отказ, а Јелена не можеше ништо да направи за да ја заштити, открил извор близок до семејството Тошиќ.

Изворот тврди дека дадилката професионално си ја извршувала својата работа и не сакала да се меша во нивната приватност.

Таа со Душко и Јелена преживеа се и сешто. Трпеше и навреди и понижувања, но и покрај нивното недолично однесување не им се мешаше во бурниот брачен живот. Се грижеше за децата, а не за љубовниците на Јелена. Душко истражи се и дозна дека кога Огњен доаѓал во нивниот дом, таа го пречекувала и затоа и даде отказ, додал соговорникот.

Поврзано

Back to top button