Реклама
Наши ѕвезди

Давид Давидовски: Јас не сум облечен како жена, ова се парчиња за маж!

Овој скопјанец станува ултрапопуларен со тоа што е уникатен и сигурен во себе. Тој одлично се снаоѓа како млад водител и убеден е дека ќе има светска слава.

Реклама

Тој е дефинитивно еден од најконтриверзните ликови на нашата естрада.  Давид Давидовски е радиоводител во Метрополис.

фото/Инстаграм

Тој има своја авторска емисија „Ти реков, ми рече“ ,   која оди и како поткаст на јутјуб.

фото/Инстаграм

Во емисијста му гостуваат звучни имиња, пристапот му е неконвенционален, овој скопјанец со изгледот се издвојува и е уникатен, светски… За  кратко време овој проект стана   многу популарен.

Маркетинг
фото/Инстаграм

Со само 21 година успеа да направи тотален пресврт, неговото појавување во јавноста ги разбранува совцијалните мрежи.

фото/Инстаграм

Давид е многу самоуверен, на интервјуа каде што се појавувал го истакнува тоа дека е заљубен во себеси, дека тој е најдобар и најубав, дека го копираат и дека е вистинска ѕвезда.

Маркетинг
фото/Инстаграм

Дел од публиката многу го сака, дел пак  го озборува, го критикува, го напаѓа…

Најчесто, во очи им паѓа неговата облека. Тој е секогаш облечен многу храбро. Комбинациите кој тој ги прави не би ги виделе на друг.

фото/Инстаграм

На озборувањата, лошите коментари не потклекнува, напротив ништо не може да го кутне. Тој не се замара со тоа и во интервју кај Стефан Лазараов ќе рече:

Ако сме вистински патриоти нема меѓу себе да се мразиме и навредуваме. Како сакаме да не сакаат Срби, Американци, Албанци …кога ние сами не си се сакаме, вели Давид.

фото/Инстаграм

Тој додава дека е голем патриот.

Во истото интервју, тој објаснува за неговиот стил на облекување. Откако водителите Лазаров и ководителот Зоки Фаци ќе го прашаат зошто носи женска облека , тој категорично реплицира:

 Ова не е женска облека, јас никогаш не сум се облекол во облека за жени. Се што  е на мене е за мажи, Добро да, купено е од бутик за жени, но не е женска облека. Јас не сум облекол никогаш фустан, вели радиоводителот.

 

Зоки Фаци е упорен и продолжува да го анализира, му вели дека корсетот е за жени  и шапката, но Давид не остапува и инсистира дека се што носи на себе е облека за мажи.

фото/Инстаграм

Давид станува ултрапопуларен со тоа што е уникатен и сигурен во себе. Тој одлично се снаоѓа како млад водител и убеден е дека ќе има светска слава.

 

фото/Инстаграм

На една негова инстаграм-објава напишал

Медиумот е магија, а јас сум магионичар!

фото/Инстаграм

На интервјуата во својот поткаст секогаш е облечен посебно.

фото/Инстаграм

Тој има изјавено дека негов идол е Јелена Карлеуша.

фото/Инстаграм
фото/Инстаграм
фото/Инстаграм
фото/Инстаграм
фото/Инстаграм

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button