Наши ѕвезди

Густа коса и минус 15 килограми – еве како ИЗГЛЕДАШЕ ФОЛКЕРОТ Благојче Стојановски Туше во младоста

Познатиот пејач се потсети на едно друго време

Advertisement

Еве како изгледаше Туше пред петнаесетина години

Познатиот македонски фолк-пејач Благојче Стојановски – Туше на социјалните мрежи е поприлично активен.

Advertisement

Тој на својот официјален профил на Фејсбук секојдневно споделува снимки од неговите настапи и песни, но и фотографии.

Туше важи за еден од најбараните македонски фолк-пејачи како во Македонија, така и меѓу нашите иселеници во светот.

Advertisement
Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски – Туше

На сцената е од крајот на 80-те години на минатиот век и досега има издадено бројни песни што се хитови како по радиостаниците на кои се слуша народна македонска музика, така и на Јутјуб.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски – Туше

Поприлично е познат и на социјалните мрежи каде секојдневно ги развеселува своите фанови со негови песни.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски – Туше

Но Туше често објавува и фотографии, а на една од нив можеме да го видиме како изгледал пред петнаесетина години.

Со долга коса и во скинати фармерки тој позираше насмеано, а неговите фанови беа изненадени што го гледаат во едно вакво издание.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски – Туше

Инаку, Туше по потекло е од ресенскиот крај, но роден е во Австралија, земја со која и денес е посебно поврзан.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски – Туше

Но и покрај тоа што може во секое време да замине да живее во оваа земја, тој со сопругата и децата реши да остане во Македонија.

Како што самиот изјави во една пригода, тоа со сопругата го направиле за да бидат поблиску до родителите кога тие ќе остарат, кои сега најмногу се радуваат кога времето го минуваат со своите внучиња.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски – Туше

Но во годината по неколку пати оди и во Австралија, каде со години важи за еден од омилените наши пејачи.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски – Туше

На неговите настапи секогаш е лудо и весело, за што зборуваат и бројните видеа што Туше ги има објавено на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски – Туше

Во продолжение погледнете и неколку негови песни…

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button