Реклама
Вирално

Грција ќе ги отвори границите за туристите, сезоната ќе почне од 1. јули со нови правила

Реклама

Додека трае пандемијата од коронавирус отворањето на границите се уште не е опција, смета грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој додаде дека Грција не зависи толку од туризмот како на пример Португалија или Шпанија и другите јужноевропски земји кои се многу зависни од туризмот.

 

-Најдоброто сценарио е Грција, за туризмот, да отвори на први јули и работиме во таа насока, се подготвуваме за тоа, но секако тоа е поврзано и авионските компании, бидејќи повеќето луѓе доаѓаат авионски во Грција, но поврзано е и со строги и применливи протоколи, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Мицотакис вели дека Грција ќе може да прими туристи, само ако постои договор за конкретни протоколи, за кои изразува надеж дека ќе бидат на европско ниво, односно дека под претпоставката дека туристите ќе направат молекуларен тест или тест за антитела пред полетувањето.

Маркетинг

– Туристичкото искуство оваа година може да биде малку поразлично во споредба со претходните години. Со повеќе социјална дистанца, можеби нема да има отворени барови за да нема гужва, но сепак ќе може да имате фантастично искуство во Грција, под услов глобалната епидемија да е по надолна линија, вели Мицотакис.

Тој  верува дека уште посилен удар врз туристичкиот сектор во Грција би бил ако летната сезона воопшто не се отвори, но тој е оптимист и тврди дека ова ќе биде навистина поразлично лето, и се надева дека „најлошото е зад нас“.

Маркетинг

-Она што јас го задржувам како наследство од оваа криза е чувството на колективен успех и ќе се осмелам да го употребам зборот гордост. Грците многу долго време не биле горди. Знаете, десет години бевме вреќа за бокс за Европа, вели Мицотакис и додава дека ова резултира со поголема самодоверба, но и доверба во државата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button