Реклама
Вирално

Грмотевици и интензивен пороен дожд – какво време не очекува денес

Реклама

Невреме од северозапад се движи кон Македонија

Денес во текот на претпладневните часови во западните предели локално ќе има појава на дожд и грмежи а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од западен правец, пишува Метеомакс.Од пладне па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално процесите ќе бидат поинтензивнии во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Маркетинг

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени меѓутоа навечер ќе започнат да опаѓаат поради продор на посвеж воздух од север кој ќе услови засилен северен ветер во среда и во четврток.

Предупредување:

Во случај на појава на електрични празнења како и на силен ветер, да не се престојува на отворен простор или под осамени дрвја поради опасност од гром.

Маркетинг
Извор: Pres24.mk

Поврзано

Back to top button