Вирално

Грк убиен од албанската полиција – Грците бараат крвна одмазда! – ситуацијата помеѓу двете земји крајно напната!

Advertisement

Односите меѓу двете држави крајно напнати

Advertisement

Албанската полиција соопшти дека еден маж загинал за време на оружен судир со полицијата на собир по повод одбележување на годишнина од влегувањето на Грција во Втората светска војна против Италија.

Според албанските медиуми убиен е Константинос Кацифас (35) кој пукал од калашников на албанските полицајци што дошле да го тргнат знамето.

Инцидентот се случил во селото Буларат кое се наоѓа во Албанија, во близина на границата со Грција, а во кое повеќето се Грци. Инцидентот се случил додека населението ја одбележувало годишнината од влегувањето на Грција во втората светска војна, 28 октомври 1940 година, пренесува Катимерини.

Advertisement

Албанските портали објавија дека пријателите на Касиф на Фејсбук дале заклетва дека ќе бараат крвна одмазда.

Според грчкото Министерство за надворешни работи неприфатливо е операцијата да резултирала со губење на човечки живот додека албанското министерство за надворешни работи се огласи со соопштение во кое жалат поради тоа што целиот случај е злоупотребен за политички цели.

Како што пренесуваат албанските медиуми, 35-годишниот Кацифас бил член на Златна Зора. Пред албанската амбасада во Атина поради убиството на Гркот вчера протестираа членовите на крајната десничарска партија „Златна зора“ поради што и улицата била затворена.

 

Кацифас е роден и пораснал во Буларт, село кое е шест километри оддалечено од границата со Грција, а од неодамна живеел во Атина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button