Обрнете посебно внимание кога се во прашање млечните производи.
Се случува многу брзо да се расипат доколку не се чуваат правилно.
Како да го одржувате вашето сирење свежо во топлите денови? Пред да го ставите во фрижидер, погрижете се да направите една работа!
Многу луѓе сакаат сирење и го користат во подготовка на разни јадења. Ги има во најразлични форми и вкусови, а токму поради разликата, како по вкус, така и по текстура, сирењата одговараат на повеќето јадења. Меѓутоа, проблемот со сирењата е што брзо се расипуваат.
Од друга страна, синото сирење и полутврдото сирење можат да влезат директно во пластична кеса (торба за замрзнување или која било друга чиста кеса). Сепак, младото сирење треба да го чувате во пластичен сад со капак. Свежото сирење треба да го чувате во оригиналното пакување и да ја менувате водата само на неколку дена.
Исто така, не заборавајте да ги чувате сирењата во фрижидер, на полицата каде што го чувате зеленчукот.
Причината зошто треба да ги чувате таму е што температурата на тоа место е ладна и стабилна, без многу промени, а тоа е идеално за храната како сирењето.
Кога и да го користите сирењето, земете ново парче хартија за печење и пластична кеса, за да ја зачувате свежината на сирењето. Ако зборуваме за рокот на траење на сирењата, тоа зависи и од видот, но најважно е да се запамети дека колку е потврдо сирењето, толку ќе му биде подолг рокот на траење.
За да го заштитите сирењето од мувла, користете малку масло така што ќе го намачкате сирењето со малку маслиново или растително масло и потоа ставете го во пластичен сад со капак. Маслото секогаш можете да го избришете со хартиена крпа, а сирењето можете да го измиете и во топла вода и да уживате во неговиот вкус.