Реклама
Вирално

Граѓаните почнаа да го критикуваат министерот Венко Филипче за коронавирусот – погледнете ги нивните коментари

Реклама

Едно е сигурно – сите сме загрижени!

Можеби не се ретки оние што се сомневаат во постоењето на вирусот, но се поголем е и бројот на граѓани што почнуваат да не му веруваат на Министерот, Венко Филипче, откако вчера изјави дека епидемијата е под контрола, иако цело време повикува на почитување на мерките.

Маркетинг

Тој соопшти дека здравствениот систем е подготвен за овој нов бран на заболени од коронавирусот и дека сега полесно се справуваме со кризата затоа што на почетокот имавме многу непознати. Истовремено порача дека игнорирањето на вирусот и негирањето дека постои, нема да помогне во надминувањето на состојбата. Секаде во светот станува збор за имплементирање на истите мерки за заштита на населението и елиминирање или намалување на ризикот од ширење на заразата, маската, дистанцата, редовното миење, дезинфекција на раце – единствениот механизам кој што може да не заштити и како поединци, и како општество“ изјави тој во своето обраќање на вчерашната рпес-конференција.

„Има суштинска разлика меѓу првиот и овој бран. Сега имаме ресурси – сериозно надграден здравствен систем во однос на капацитети за сместување, медицинска опрема и знаењата на здравствените работници. Имаме капацитет да се справиме и со овој бран“, напиша министерот на Фејсбук.

Маркетинг

Но проблемот настана што само неколку часа по своето обраќање, министерот излезе со нови бројки. Имено, тој и за време на прес-конференцијата посочи дека бројките не се конечни, односно дека од една приватна клиника резултатите од тестовите се уште не се пристигнати, но откако ги објави конечните бројки за вчерашниот пресек, многумина на социјалните мрежи почнаа да го критикуваат, а не е мал и бројот на оние што бараат поригорозни мерки.

Имено, Филипче неколку часа по прес-конференцијата која беше одржана во 15.00 часот, преку својот профил на Фејсбук соопшти дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19, а не 67 како шо првично соопшти. По градови, во Скопје имаме нови 52 регистрирани случаи, во Штип 1, Тетово 14, Велес 2, Гостивар 2, Кочани 1, Пробиштип 1, Кратово 1.

Покрај ова, тој сподели и дека од Институтот за јавно здравје регистрирани се 26 оздравени пациенти, од кои во Скопје 12, Куманово 2, Тетово 11 и Гостивар 1. Во ГОБ „8 септември“ животот го изгуби една пациентка од Струга на 56 годишна возраст, која била примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, а кај која било потврдено дека е позитивна по приемот во болница.

Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.

Филипче, иако на крајот од ова свое обраќање се извини заради доцнењето на статистиката, заради тоа што ги чекаа резултатите од една приватна лабораторија, во коментарите многу корисници на социјалните мрежи го критикуваа што бројките претходно беа поинакви.

Во продолжение прочитајте некои од коментарите на граѓаните кои се загрижени за ситуацијата:

„На пресот рековте 868 теста 67 позитивни, се чекаат од една приватна лаб за да бидат комплетни. Е сега, 885 теста 76 заболени. Значи од тие 17 теста испаѓа дека 9 се позитивни. Или грешам ??“

76 нови позитивни од 758 тестови, направени по епидемиолошка индикација (без те за скрининг), тоа се 10.03 % нови позитивни, се уште многу висок процент на новозаразени! А реалната бројка е сигурно по 10, што значи реално околу 760 новозаразени денес, плус/минус…

Повторно ли е виновен народот??? Народот е виновен ама само заради тоа што ве гласа, за тоа е виновен.. Од каде тоа дека не се носат маски? Па во затворен простор 99 отсто од луѓето носат маски и што уште сакате? Три месеци за џабе овој народ седе во карантин и повторно виновен ви е народот?

„Штип 1. Да кажам ја со име и презиме 5 веднаш од денеска, шо лично ги познавам?? Циркузанти сте бе. Веќе и преваранти за вас е комплимент. Тие бар мислат нешто пред да направат превара“

„Скопје 52? Штип 1? Печатна грешка??? По ОПШТИНИ ќе дадете преглед?“

„Не замижувајте и пред оние 1-2 случаи во малите градови, сега кога немаме рестрикции можат многу лесно да се претворат во кластери. Скопје нема ни интерес за да се стави под карантин. Ќе биди ова долго и жешко лето. Чаре има, го знаете многу добро… Кризна состојба на цела територија на 14 дена. За жал многубројни испаднаа имбецилите што не веруваат во вирусот и нема да се подобри ситуацијата сѐ додека не бидат затворени дома како во Дебар! Почнувајќи од викендов би било пожелно… Јака им душа на медицинските лица.“

„Тестирај, тестирај, тестирај. Изолирај, изолирај, изолирај. Србија 250.000 тестови, Македонија 31.000, по жител грубо треба да имаме преку 60.000 тестови. И после крив е народот и полицијата! Не држевте 2.5 месеци во карантин за што? Сега да имаме такви резултати по сите основи. срамота за сите лидери од политика до здравство и религија. Народот е прекрасен, не е полош од ниедна соседна земја. Но за жал немаме водство и лидерство. Ако имате грам доблест и морал треба веднаш да си дадете оставка.“

„Два се клучни моменти зошто другите одат напред а ние назадуваме. Другите ги почитуваа препораките и без полициски час а таму каде што “мудри” поединци покажуваа непослушност се применуваа казни. Од друга страна, другите, пред да ги олабават мерките правеа масовни тестирања (и преку 20%) на вкупната популација. Кај нас не се исполнува ниту едното ниту другото и еве го резултатот. Некои повеќе, некои помалку но одговорноста ја сносиме сите.“

„Мајсторе у Кратово мора под итно 24 часовен карантин има 1 заболен , Скопје и Тетово не мора не требе за таму …“

Покрај ваквите коментари, кои можеме да ги наречеме критички и кои се добронамерни, има и такви од кои можеме да видиме дека многу граѓани се уште не веруваат на вирусот, а тоа е загрижувачки. Но на таквите нема воопшто да им обраќаме внимание, освен што ќе им препорачаме дека бројките се реални, впрочем како и пациентите во болниците, па доколку сакаме вирусот навистина да го ставиме под контрола, треба сите заедно да ги следиме и мерките. Да бидеме поодговорни како кон самите нас, така и кон другите. Можеме да критикуваме, но не и да негираме нешто што е толку многу очигледно. Во контекст на ова, ќе го споменеме и тоа дека навистина не е мал и бројот на граѓани кои бараат повторно да се воведат рестриктивни мерки.

Ние можеме да се согласуваме или да не се согласуваме со нив, но тие се загрижени и имаат право на свое мислење.

Еве еден дел од нив:

„Не се почитуваат мерките, многу малку се носат маски, оние што ги носат правилно се 10 %, другите ги носат под брада, или во рака. Секојдневно читам дека се казнети повеќе од 500 за неносење маски, јас не верувам дека се казнуваат, да се казнуваат толку многу веднаш ќе се забележеше промена на улиците“, пишува еден загрижен скопјанец.

Бајрамските марифети скапо не’ чинат… Нема што да се лутат сограѓаните муслимани, таа е вистината.

„Тоа што сеуште некои сериозно не ја сфатија опасноста на вирусот, не ги прави патриоти, ни шарени херои, ни големи христијани ни големи муслимани. Ги прави најглупави на Балканот и светот.“

„Арно бе луѓе, зејте се себеси. И овде рестрикциите во Финска се намалија, а денес ниту еден случај, цела држава од 5 милиони. До кога вака бре?“

И за крај еден од коментарите кој можеби ни остави и најдобар впечаток, откако претходо, за кратко, повторно ќе се потсетиме на препораките на самиот министер Филипче:

„Дистанца, маска и редовно миење на раце е единствен механизам како да го победиме вирусот. Повторното затворање дома можеме да го избегнеме само со почитување на мерките. Комисијата за заразни болести интензивно работеше и се разгледува можноста за враќање на рестрикциите, но одлуката ќе ја донесеме во текот на следните денови. Во Комисијата има врвни експерти кои даваат несебичен придонес во оваа работа и искуството го црпат од претходните епидемии и пандемии, а за можното враќање на рестрикциите во одредени региони Филипче вели дека сѐ уште ги анализираат бројките на новозаразените, од каде потекнуваат.

„Престанете да се обвинувате едни со други ,де литији ви се виновни, де ифтари, Велигден, Бајрам…до кога?? Се споредувате со други држави, а не сфаќате дека таму ОВА го нема, луѓето не се напаѓаат кој е крив, туку како да излезат од ова невидливо зло, внимаваат, се почитуваат, а не се толку блиски како ние овде. Ние заедно живееме, работиме, зависиме едни од други, ама не … Кога е верски, ќе се изедеме меѓу себе, ми се згади и вера и нација!!! Не ви е крив ниту Министерот ниту влада ниту партии, криво ви е домашното воспитување кое ви дозволува во коментари да пцуете жени, девојки со недолични зборови што некој може да ги напише во коментар на официјална страница на Министер, конференциите во живо ви служат за потсмев и покажување на некултура …малку ни е…разберете, има добри и лоши луѓе, разбрани и несовесни, културни и невоспитани, се друго не ни оди во прилог … Од нас зависи …колку почитуваш ,толку ќе те почитуваат, свестете се болеста не бира ниту по вера ниту по нација, болеста бира по непочитување на правила …за жал!“

Поврзано

Back to top button