Победникот во „Ѕвездите на Гранд“ стана татко по втор пат
Пејачот Алекса Перовиќ повторно се оствари во улога на родител. По ќерката Луна, стигна и неговата втора наследничка. Пејачот не можеше да го сокрие воодушевувањето, па сподели фотографии на социјалните мрежи.
Тој позираше со ќерката во прегратки, а фотографијата предизвика голем број лајкови на Инстаграм.
„Добре дојде дома ангеле наш“, напиша тој под неа.
Очигледно дека на победникот на „Ѕвездите на Гранд“ кој учествуваше и во „Икс фактор“ нема да му биде потребен Дедо Мраз оваа година, бидејќи најдобриот подарок веќе го доби и истиот му го донесе неговата убава сопруга.
Имено, тој е во брак со познатата Јутјуб ѕвезда Милица Перовиќ – мајката и бебето се чувствуваат добро, а девојчето го доби името Срна.
Милица пред да замине во салата за породување преку Инстаграм порача дека конечно дошол моментот нејзината наследничка да го види светлото на денот.
„Најдраги мои, значи, роднини, пријатели, колеги, познати и непознати, конечно мојата торба за мајки е спакувана, а јас можам да се правам важна бидејќи одам да ја донесам на овој свет сестрата на мојата Месечинка. Овој господин на фотографијата ќе добие уште една ќерка. На едната и е апсолутен центар на Универзумот, а не се сомневам дека ќе родам уште едно такво газенце. Алекса, чувај го Мичко. Ти благодарам за ова. Те сакам. Вас ве поздравува оваа мајка тука. П.С. ангели мои знам дека сте со мене. Знам дека ме чуваш, те чувствувам. Затоа можам. Затоа храбро, со насмевка и со најголемата љубов на овој свет“, напиша Милица непосредно пред да замине во породилното.
A еве и што правеше таткото за тоа време …