Реши да се врати и да ја освои естрадата
Пејачката Сања Станојковиќ кога прв пат се појави пред камерите, важеше за една од најатрактивните натпреварувачки во „Ѕвездите на Гранд“, но додека траеше снимањето и’ се случи една многу непријатна ситуација.
Нејзиното поранешно момче од освета пушти експлицитни заеднички снимки на интернет, а Сања целиот притисок го поднесе стоечки. Таа влезе во финалето, но подоцна се оствари во улога на мајка и откако се породи реши некое време да се повлече од јавниот живот.
Но тоа неодамна повторно се врати во центарот на вниманието со својата нова песна „Запаљива“.
Сепак, нејзиното враќање на естрадата ја следат и некои приватни проблеми, пренесува Еспресо.рс. Пред самата премиера на песната, таа се плашеше дека можеби има рак, но биопсијата покажа дека се е во ред.
Имено, како што пренесуваат српските медиуми, Сања и нејзиниот сопруг одлучија да стават точка на својот брак.
По 13 години врска тие се разделуваат.
Да потсетиме, Станојковиќ од овој брак има две деца – ќерка и син. Пејачката планира наскоро да се исели од станот во кој живееле заедно.