Гранд ѕвезда згрижи бебе од 6 месеци претепано од таткото – мајката силувана, бебето целото со модринки
Морбидни сцени - таткото го давил своето бебе, има модринки по целото тело
Многумина беа во шок кога полицијата го уапси В.М. (25) од Белград кој се сомничи дека ја претепал сопругата и нивното шестмесечно бебе.
Бебето моментално се наоѓа во домот на некогашниот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд, Милан Динчиќ Динча, а неговата сопруга Јелена откри застрашувачки детали кои никого не ма да остават рамнодушен.
„Тоа е родена сестра од мојата воспитувачка, која работи кај мене во градинка, па просто почувствував и морална должност да и помогнам. Жената веќе подолго време трпеше насилство, но и се закануваше дека сé ќе направи, па затоа и сега се плашам дека ќе го пуштат, само што го приведоа, ја добив таа информација. Таа додека ја тепаше само неа, не реагираше, но детето имаше модрици. Јас го видов тоа дете и кога ја прашав што е ова, таа ме лажеше, дека се удрило или нешто слично“, истакна сопругата на познатиот пејач, а потоа откри и дека осомничениот ја силувал девојката.
„Ноќеска, кога ја силуваше и тепаше и го давеше детето, таа почека да замине на работа, па ни се јави и отидовме во Ургентен сето тоа да го пријави. Нејзиниот сопруг е приведен“, вели Јелена за „Блиц“.
Јелена додава и дека детето било со подливи и модринки, така што решиле да го земат детето кај нив, додека мајката бидејќи била силувана морала да оди на преглед, и сега ја чекаат да се врати.
Како што вели Јелена, оваа жена нека семејство, туку ја има само својата сестра, а нивната мајка е почината. Таа затоа и немала каде да се врати, а насилникот знаејќи дека е во таква положба, тоа го злоупотребувал.
Јелена објаснува дека на жртвата не и е потребна финансиска помош, има кој да и помогне, но се плашат насилникот да не биде пуштен на слобода, со забрана да и се приближува, па да направи некоја трагедија.
Токму од тоа се плаши и сопругата на Динча, но се надева дека полициските служби овој пат нема да потфрлат и ќе го задржат насилникот онаму каде што му е местото, пишува гореспоменатиот портал.
Јелена потоа се огласи и на социјалните мрежи и откри дека насилникот е уапсен и им се зблагодари на сите и на полицијата. Не смееме да молчиме, она што денес му се случува на друг, може да ни се случи и нам, затоа пријавете го насилството, напиша таа на својот профил на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Јелена Динчиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Динчиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Динчиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Динчиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Динчиќ