Град во Норвешка забрани мобилни телефони за децата
Општинската власт во градот Ставангера во Норвешка покрај тоа што забрани користење на мобилни телефони во училиштата планира и на младите ученици да им забрани пристап и до компјутерите.
Повеќето советници во градското собрание ја поддржаа ваквата идеја, нагласувајќи дека на овој начин сакаат да им направат „детокс“ на најмладите од виртуелниот свет.
Во план е учениците од прво до четврто одделение да немаат пристап до компјутерите, и наместо тоа ќе имаат заеднички компјутери кои ќе можат да ги користат само во присуство на наставниците. Целта е овие мерки да бидат воведени за сите ученици од сите одделенија, од прво до десетто, а како што истакна советникот Мимир Кристијансон, тие се загрижени заради претераната употреба на мобилните телефони и компјутери меѓу најмладите генерации.
„Сигурни сме дека е здраво децата што помалку време да минуваат во виртуелниот свет“, вели тој.
Инаку, Ставангер е четврт град по големина во државата. Зафаќа површина од 71 км2 и има 126.469 жители.