Реклама
Наши ѕвезди

Градоначалникот на Центар се ожени со вистинска убавица – САША БОГДАНОВИЌ откри нешто што никој не го знаеше досега!

Реклама

Актуелниот градоначалникт на Центар си ја отвори душата и проговори за приватниот живот.

Тој откри работи кои можеби досега никој не ги знаеше.
Богдановиќ по потекло е од Словенија, а има српско потекло.

Маркетинг

Во 2001 година станал член на политичката партија СДСМ, а во 2003 година активно се вклучил во сите активности од општествена одговорност.

Во 2004 година завршил средно медицинско училиште и дипломирал политички науки на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Маркетинг
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ

Во 2009 година се вработил во фабриката за изолациони материјали „Кумал -СК“, каде што после една година бил поставен како раководител на комерција, сè до мај 2013 година, кога бил именуван за за в.д. директор на јавното претпријатие ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Богдановиќ во 2014 ја добил функцијата Претседател на Општинската Организација на СДСМ во Центар.

Скоро една година е во брак со убавата Јелена, а нивната свадба привлече големо внимание во јавноста, затоа што се случи во екот на пандемијата.

Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ

Поради тоа тие беа осудувани од граѓаните и предизвикаа бура реакции на социјалните мрежи.

Јелена е наставничка во скопското училиште „Киро Глигоров“ во Скопје, а има црногорско потекло.

На почетокот таа добиваше секакви коментари од народот, со оглед на тоа дека е сопруга на градоначалник, сите сметаат дека работата ја добила преку врски. Но, со текот на времето таквите коментари стивнале, а на парот сепак најважно им е што за нив мислат најблиските.

Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ

По една година врска, Богдановиќ одлучил да ја запроси својата сакана и тоа го сторил на посебно место за нив двајца, традиционално со клекнување на колена.

„Со Јелена се знаеме подолго време, потоа започнавме одреден вид комуникација, и така на крајот се споивме. Ние скоро една година бевме заедно во врска да видиме дали си одговараме еден со друг и на крајот заклучивме дека ајде да кажам дека можеме да се трпиме и решивме да стапиме во брак. Имавме неколку предуслови што ги поставивме и си ги испочитувавме.

Запросувањето беше изненадно, бевме на посебно место коешто исто нас ни значи“, кажа Богдановиќ во интервју за Репортер.

Фото: Принтскрин

Нивната венчавка се одржа во Грачаница, Косово, местото каде што се запознале, па затоа и решиле да застанат на олтарот во косовскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“.

„Ние се решивме да правиме свадба во Грачаница бидејќи тоа е местото на кое се споивме со Јелена, не е одбрано случајно. Се имаме запознаено на хуманитарни активности кои ги имаме спроведувано и во Македонија и во Косово, во соработка со организации хуманитарни.

Фото: Фејсбук / Јелена Брауновиќ

Таму неколку пати сме преспивале, сме биле во посета на тој манастир, но и Јелена си има посебна приказна, односно таа е второ дете, прво е роден брат ѝ, и после 10 гоодини откако биле нејзините родители во манастирот Грачаница и купиле икона Константин и Елена и тогаш се раѓа и Јелена.Освен нашата симоболика си има и таа, така што гледавме да ги споиме тие две.

Не беше во екот на пандемијата, ние прашавме дали може воопшпто да се прави бидејќи важеа мерки и таму и ни рекоа со ограничен број на луѓе може да биде организирано венчавањето. Класична свадба не сме правеле, односно само беше венчавањето во манастирот“, откри градоначалникот.

Фото: Фејсбук /Јелена Брауновиќ
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ
Фото: Фејсбук / Саша Богдановиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button