Го фрли микрофонот и му се посвети на исламот – популарната босанска пејачка сега носи хиџаб и се кае поради своето минато
Босанската пејачка Хајрија Гегај се прости од микрофонот. Така тврди нејзиниот брат Изони, кој со пријателите во Сараево зборува за новиот живот на својата сестра.
Таа ѝ се посветила на верата, па неодамна почнала да носи и хиџаб. По истите стапки тргнала и нејзината ќерка, која исто така и се посветила на верата.
Дека некогаш многу познатата пејача одлучила дефинитивно да стави точка на својот јавен живот говори и информацијата дека Хајрија оваа година има намера да изврши хаџ, додека нејзиниот брат Изони по трет пат би требало да го направи овој верски обред.
Инаку, Хајрија пред неколку години од Сараево се пресели во Америка, каде се омажила за извесен Алија, инаку богат Херцеговец, кој веќе долго живее во таа земја.
https://www.youtube.com/watch?v=e90NX2Iau3c&feature=emb_title