Актерот Саша Јоксимовиќ, помладиот брат на пејачот Жељко Јоксимовиќ, пред извесно време искрено прозборе за врсничкото насилство кое го претрпе неговиот син Илија.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
– Мојот тринаесетгодишен син Илија три пати беше жртва на врсничко насилство. Инцидентите се случија во неколку наврати во паркот Чубур каде многу деца го поминуваат слободното време, изјави Саша за Жена,рс.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Саша во својата изјава истакна дека многу се кае поради тоа што од почетокот не му поверувал на синот кога му се пожалил дека бил нападнат.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
– Илија ме однесе на тоа место и ми покажа кои се момчињата кои го малтретирале и му се заканувале со боксови, се работи за онаа метална направа која се става на рака и се користи за тупаници.
Тогаш сфатив дека не ме лаже, а и тие признаа. Веднаш ги зедов работите во свои раце и разговарав со момчињата – насилниците и нивните родители.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Договорот бил повеќе да не го малтретираат Илија и дека најдобро е да се дружат, бидејќи паркот во кој престојуваат е јавно добро.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
-Сепак, не долго по „договорот“, истите момчиња продолжија да го малтретираат, му ги земаа парите, го полеаа со вода.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Вториот пат го бркаа со метални шипки, тренира фудбал и е брз, па успеа да им побегне.
И трет пат кога го нападнаа, тогаш бев на пат, имав настап во Ивањица. Ми рече да дојдам, но бев спречен. Потоа се залетал по малиот, бидејќи насилството раѓа насилство, нели?, инстинктивно реагираше. Побрзал со тоа мало момче да си ги врати парите и наеднаш се појавила мајката на момчето и му рекла: Каде одиш? Тој и објаснил дека синот му ги украл парите, а таа му рекла дека тоа е негов проблем и се свртела и си заминала.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Тогаш Саша реагирал бурно. Тој се обрати до заедницата и го претстави својот проблем. Неговата ситуација ја пренесоа медиумите.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Да потсетиме, Саша Јоксимовиќ по повеќе од 20 години брак со неговата сопруга Невена стави крај на љубовта и решија да се разделат.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Актерот минува низ тежок период а по разводот накратко се огласи на социјалните мрежи за да потврди дека тој и Невена повеќе не се заедно.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
– Ги известувам сите, јас и Невена повеќе не сме заедно. Секој со свои афинитети и доста е. Биди му најдобра мајка на нашиот Илија, а и јас нема да бидам лош татко – напиша актерот.