Реклама
Вирално

Го „слупа“ своето златно порше и не му е гајле, а кога оди на кафе – во паричникот носи кеш поголем од три просечни македонски плати

Реклама

Сите ме почитуваат заради парите

Фото: Принтскрин. Хепи ТВ

Никола Кељановиќ кој пред неколку недели направи судир со своето златно порше, еден ден по инцидентот сподели непримерно видео.

На видеото се гледаат банкноти од 20 и 500 евра, златен часовник како и други луксузни работи, а тој вели:

Маркетинг

„Ќе биде подобро, но само за нас!“

Фото: Инстаграм/ Нерад Типс

Да потсетиме, Никола Кељановиќ и покрај поршето во златна боја кое го „слупа“ во центарот на Белград, на својот Инстаграм профил објавува фотографии и од други скапи автомобили. Тој неодамна гостуваше во една емисија каде изјави дека нема работа затоа што ја презира работата, а моментално заработува и од својот профил, на социјалните мрежи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс (Телеграф)

Инаку, Никола и по судирот со златното порше ги шокираше сите и кога даваше интервју за новинарите во едно кафуле. Додека пиеше кафе, му пријде девојче од ромска националност и му побара пари. Тој тогаш го отвори паричникот и во него имаше повеќе од три просечни плати во Македонија.

Фото: Принтскрин/ Телеграф

Никола на кафе со екипата на порталот „Телеграф.рс“, со кои го направи интервјуто, дојде со паричник во кој имаше преку 1000 евра. Младиот инфлуенсер најпрво на девојчето му рече да почека бидејќи разговара со новинарите, а кога го отвори паричникот, екипата забележа дека во него има две банкноти од по 500 евра и нешто „ситно“.

Фото: Принтскрин/ Телеграф

Да потсетиме, ова момче стои зад Инстаграм налогот „Нерад типс“ каде има речиси 150.000 фанови.

За себе вели дека е „најјаката организација за обложување на овие простори“ и дека го живее сонот на секој просечен Балканец.

Фото: Инстаграм/ Нерад Типс

Никола живее на висока нога и Инстаграм го користи да се фали со тоа што постојано се расфрла со пари, а како што вели самиот, од ваквото однесување не се срами, туку напротив, горд е што и без премногу труд може да заработува толку многу пари и да ги вози најскапите автомобили.

Фото: Инстаграм/ Нерад Типс

Тој откри дека неговите родители се од потполно поинаков свет и дека не го оправдуваат тоа што го прави.

Фото: Инстаграм/ Нерад Типс

„Татко ми има фирма за градежништво во Германија, а мајка ми работи нешто неважно. Таа кога некој ќе ја праша дали сум јас нејзиниот син, вели дека не сум, а до колегите на мојот татко во Германија се уште ова не дошло“, вели тој за Блиц.

„Ако имам пари, секој ќе ме почитува. Што ми е гајле дали некој ми е вистински или лажен пријател“ изјави тој за медиумите.

Погледнете го неговиот животен стил…

Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс
Фото: Инстаграм/ Нерад Типс

Извор: Блиц, Телеграф, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button