Интервју со Дани Димитровска
Пејачка со препознатлива насмевка и впечатлива коса, со прекрасен глас и став на кој многумина и завидуваат. Ги освои фановите со својата музика – нејзините песни се проткаени со текстови кои носат силна порака во кои секој може да се пронајде, зачинети со специфична интерпретација. Оригиналниот имиџ и сексапил во умерени дози се нејзиниот заштитен знак. Таа е рокерка во душа која ни откри дека музиката ја засакале уште како дете, поради нејзините родители, кои иако глувонеми и ја пренеле оваа љубов. Таа е мајка и има 19 годишен син Лазар кому ми го посветува сета свое внимание, и љубов …
Што за Вас значи добро поминат ден?
Добро поминат ден е исто како поминато кавалитетно време :) Кога успешно си ги исполнувам обврските зададени во еден ден … кога поминувам слободен ден со своите најблиски … кога сум посветена самата на себе во пижами дома … кога патувам и сум свесна за своите животни цели.
Кога некој се занимава со музика, тоа му носи бројни убави работи, но и многу обврски. Како изгледа вашиот живот кога имате премногу ангажмани и како се носите со новите предизвици?
Сакам предизвици. Прифаќам предизивици. Се водам по чуството. А, чуството секогаш ми тежнее кон поместување на сопствените граници. Не секогаш сум преангажирана. Но , кога сум возбудата и адреналинот вози во шеста брзина и во такви периоди ништо не ми е тешко ни заморно.
Откако се ќе заврши телото ми бара одмор, во тој одмор размислувам за следен предизвик и се така во круг наречен живот.
Вашиот син Лазар веќе има 19 години. Каков е Вашиот однос? Дали бара совети од мама во врска со љубовниот живот?
Син ми е тинејџер, живее свој живот. Блиски сме. Ми се доверува кога чуствува потреба. Не замарам, со внимание го гледам неговото растење и зреење. Служам за советување. Го љубам. Тоа ми е улогата.
Со кого се дружите привато од нашата естрада? Дали има вистинско пријателство некој кој искрено ќе ви даде совет и критика?
Ги почитувам сите колеги и искрено се радувам на секој нивен успех во и надвор од земјава бидејќи највисока цел ми е македонската музика да ја добие заслужената почит.Поддршка не штедам за оној кој вистински пренесува пораки преку музиката.
Омилено парче облека?
Опуштениот изглед бил секогаш моја својствена карактеристика. Сакам да се чуствувам удобно во гардеробата која ја носам.
И своја. Да бидам своја ми е најважно. Моден следбеник не сум.Fashion guru ни од блиску. Патики и фармерки ми се средното име.
Претпознатлива сте по вашата необична и виткана коса. Како ја негуваш? И дали некогаш би носела кратка фризура?
Тешка ми е за одржување бара многу време и внимание.Не секогаш си го пружам тоа задоволство. Ме казнува со претерана сувост, и ја почитувам локнестата структура која е дадена од самото раѓање и треба да се сочува.
Понекогаш ми иде да си ги скратам маките и да ја исечам, но не се осмелувам бидејќи не се познавам себеси со кратка коса.
Дали се уште возиш голем мотор?
Иако не возам мотор веќе некое време сепак моторот ми е и ќе ми остане како омилено превозно средство кое ми делува метидативно во спора вожња надвор од град со слушалки на уво.
Рок-симфонија по повод 20 години музичка кариера беше концертот кој се одржа пред неколку месеци.На публиката и го подаривте најдоброто од вас. Што е следното?
Следно, нови песни, нови концепти, инспирирани од секојдневието…..