Интервју

Го сакам моето родно село Подареш, таму ми е сé најслатко, па дури и леб и сол – искрено со Јордан Митев

Најпопуларниот македонски пејач на народна музика е голем ГУРМАН, но кој е подобар во кујната тој или неговата сопруга Славица?

Реклама
Реклама

Најпопуларниот фолк- пејач и композитор, легендарниот Јордан Митев, срдечно ја прифати поканата за интервју. Првиот дел од разговорoт го споделивме со вас, минатиот месец, таму тој за првпат во јавноста ја сподели најубавата вест дека тој и сопругата Славица чекаат принова.

Вториот дел,  во кој открива многу интерсни работи за себе за кои досега не сте чуле никаде, ви ги пренесуваме во овој текст.

Фото: Приватна архива

Митев е омилен пејач за многумина, не поминува веселба без негова песна. А тој и покрај огромната популарност  „не лета во облаци“. За присебноста ќе каже:

Маркетинг

„Присебен се останува кога ќе бидете свесен, а свеста и совеста се можеби дел наследни, дел образование, дел животно искуство.. и кога сето тоа ќе се акомулира во еден човек тогаш стоите цврсто за земјата. Кога човек е свесен што прави, како го прави, во кои околности тоа го прави, дали нештото е добро или не е добро, тогаш нема потреба да нешто посебно да се потенцира или да го пренапумпува, бидејќи тоа по природен пат е веќе доволно големо да самото зборува за тој човек“.

Маркетинг
Фото: Приватна архива

Пејачот ни откри и дека нема време за класичен одмор,  бидејќи има многу настапи, но ја корсити приликата во слободно време да побегне на неколку дена на некое место за релаксирање.

Нашите одмори се некако распоредени на два, максимум три дена една недела, па 2 дена друга недела и така некако поминува секое лето кај мене, меѓудругото летниот период е некако најисполент со многу настани, приватни веселби и кај мене нема многу простор за вистински одмор. Ќе одмарам кога ќе се пензионирам.

Фото: Приватна архива

Што правите кога не работите?Како си го исполнувате слободното време?

Засега нема некое посебно хоби кое ме исполнува, а ми недостасува такво нешто. Некако се уште го немам пронајдено. Кога не работам го поминувам времто со фамилијата, со мои драги пријатели и другари за пијачка, кафе или ручек, често патуваме со сопругата иако некако не е својствено за мене да секогаш и секаде се сликаме и објавувам на социјалните мрежи, повторно поради мојата скромност. Така да генрално е тоа.

Фото: Приватна архива

Кое ви е омилено место од Македонија?

Мое омилено место е моето родно село Подареш, таму ми е се најслатко, па дури леб и сол. Го сакам Охрид, всушност ја сакам цела Македонија.

Фото: Приватна архива

Може ли да ни откриете дали сте гурман, кое ви омилено јадење и дали готвите?

Гурман сум ите како, но во последните две години морав да направам голема селекција на храната поради здравствени прични. Да бидам искрен и овој пат јас не готвам и во оваа прилика морам да ја пофалам сопругата дека за кујна е како професионален шеф и навистина ја интересира таа работа затоа што освен музика во поголем процент кога телевизорот е уклучен секогаш е на каналот 24Kitchen.

Фото: Приватна архива

Како започнува вашата страст кон музиката?

Се сеќавам првото ЦД во 2000 го купив кога се запишав средно музичко во Штип од Енрике Иглесијас, не знам како но слушнав некаде некои негови балади кои ми оставија силен впечаток и сакав да имам ЦД за да ги слушам, но немав ЦД-плејар.

Фото: Приватна архива

Така да ЦД-то ми стоеше во фиока 1 година додека родителите да соберат пари за да ми купат систем на ЦД. Уште го чувам и му се имам радувано како да сум добил лото, вели Митев за Гламур.мк.

Јас сум човек кој стои на мостот помеѓу традицијата и модерното. Јас не пораснав со песните на Бон Џови, Мајкал Џексон, Елвис Присли, Синатра, или музиката на Бетовен, Бах и Рашмањинов…јас сум дете од село кое до 2021 година немав прилика да имам компјутер или цд плејар за да слушнам нешто друго. Јас пораснав со песни и музика од Цветници и Валандово. И да сакав да чујам нешто друго немав прилика.

Фото: Приватна архива

Како ја дефинирате среќата?

Како ја дефинирам среќата?! Па за мене среќа е се што прави да ми е добро на душичката. Сите ние сме различни и секој има различни приоритети во животот. Доколку сите ние се позанимаваме со сопствената среќа и со сопствените приоритети, а не со туѓите приоритети и како другиот да го надминеме или поразиме, тогаш сите би биле посреќни.

Фото: Приватна архива

За крај, да се потсетиме на најновата песна на Јордан Митев.

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button