Реклама
Вирално

Го пријавила за насилство, но НЕ ДОБИЛА ЗАШТИТА ОД ПОЛИЦИЈАТА – по само четири дена е убиена

Нермин пред само неколку дена и нанел тешки повреди на Назима, но судот не сакал да му изрече забрана

Реклама

Нермин Сулејмановиќ кој го изврши тројното убиство во Градачец пред само три дена бил пријавен за насилство во семејството.

Убиецот покрај својата сопруга уби уште двајца невини луѓе, татко и син, Џенгиз Ондер и Џенгиз Денз, а тројца рани.

Портпаролот на Обвинителството на Тузланскиот кантон, Адмир Арнаутовиќ, во официјалното обраќање до јавноста изјави дека Сулејмановиќ од порано им бил познат на полицијата и обвинителството.

Маркетинг

„Станува збор за лице кое повеќе пати било осудувано за различни кривични дела. Осудуван е пред 15-на години за обид за убиство. Има неколку пресуди за насилничко однесување и загрозување на безбедноста“, изјави Арнаутовиќ.

Маркетинг
Принтскрин/ Социјални мрежи

Тој исто така потврди и дека Сулејмановиќ имал неколку пријави за насилство во семејството, пишува „Дневни Аваз“.

Пред само неколку дена бил пријавен за насилство

На прашањето на новинарите дали е точно дека Сулејмановиќ само еден ден претходно, односно во четвртокот, ден пред да го изврши крвавиот пир бил пријавен за насилство во семејството, Арнаутовиќ изјави:

„Не беше вчера, но пријавата е од пред три или четири дена. И кога тргнавме да го документираме тој настан, користени се благодатите на законот, односно можноста да нема сведочење, така што беше откажано од самата казнена пријава за насилство во семејството“, изјави портпаролот на обвинителството во Тузла, пренесуваат „Независне Новине“.

Тој потоа додаде дека убиецот извршил самоубиство во поширокиот реон на Градачац, во близина на семејната куќа.

Принтскрин/ Социјални мрежи

„За жал тој сето тоа го снимаше, по што полицијата ја документираше и тргна снимката“, изјави Арнаутовиќ.

Прво ја претепал, па по четири дена ја убил

Како што пренесуваат медиумите, Нермин најпрво ја киднапирал својата сопруга, па ја претепал, за да на крај ладнокрвно ја убие.

Невенчаната сопруга на убиецот, Низама Хеќимовиќ, која имала ќерка со него, пред да биде убиена, неколку пати го пријавувала во полиција за насилство, но заради страв ги повлекувала пријавите.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Босанските медиуми го објавија решението на Општинскиот суд во Градачац со кое се одбива предлогот на МУБ на Нермин Сулејмановиќ да му се забрани приближувањето кон жртвата.

По четири дена тој ја убива својата сопруга

Како што пренесува порталот „Истрага.ба“, полицијата предложила да се изречат заштитни мерки, но судот го одбил предлогот.

Како што пишува во барањето, овие мерки биле барани од судот откако жената пријавила дека на 3. август околу 19.30 часот била нападната и претепана од Сулејмановиќ, по што се здобила со повреди по лицето и на други делови од телото.

Следниот ден жената поднела пријава против него, па се иселила од дома, заедно со нивното бебе. Потоа Сулејмановиќ продолжил да ѝ се заканува, ѝ се јавувал и барал од неа да се врати дома.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Три дена подоцна, односно на 7 август, таа не сакала да даде изјава во полиција од страв од реакцијата на Сулејмановиќ, изјавувајќи дека со тоа само ќе се влоши ситуацијата, но поддржала да се изречат заштитни мерки.

Но за жал, таа никогаш не доби заштита, а вчера нејзиниот сопруг свирепо ја уби, убивајќи уше две други лица.

Потсетуваме, тројниот убиец монструозното убиство на својата сопруга го пренесуваше во живо преку Инстаграм. Непосредно пред да ја убие, тој ја праша зошто го пријавила во полиција, а жената, како што се слуша на грозоморното видео, изјавува: „Бев преплашена. Ми беше страв, се плашев за себе и за детето“, пренесува „Дневни Аваз“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button