Го препознавате ли ова слатко девојче: Денес е ПОПУЛАРНА ВОДИТЕЛКА кај нас – вака ѝ започна кариерата
Популарната македонска водителка сподели фотографии од своето детство.
Уште од најрана возраст водителката ја обожавала камерата и тогаш се гледало дека дефинитивно ќе се занимава со јавна професија.
Јелена Богојевиќ со камерите почна да се дружи уште на 8-годишна возраст, а денес зад себе има успешна кариера.
Освен со глума, Јелена еден период се занимаваше со манекенство и ги красеше модните писти.
Голема популарност стекна како дел од водителскиот тим на „Фчерашни новости“.
Последен проект на кој работеше беше емисијата „Магазин“ на Сител телевизија, а во моментов е на пауза, но за тоа има добра причина.
Јелена во моментов го живее најубавиот период од животот.
Во јули минатата година таа на свет го донесе нејиното прво дете, синот Немања.
Немања е плод на љубовта помеѓу неа и нејзиниот сопру Срѓан Спасиќ.
Додека Јелена ужива во своето трудничко боледување и понатаму е активна, но овој пат на социјалните медиуми.
На нејзиниот Инстаграм профил често знае да споели фотографии и од семејството.
Овој пат своите фанови ги изненади со фотографии од детството.
Уште од најрана возраст водителката ја обожавала камерата и тогаш се гледало дека дефинитивно ќе се занимава со јавна професија.
Имено, станува збор за фотографии направени од популарната серија за деца „Наше маало“ во која глумеше и Јелена, а нејзин татко во серијата беше неприкосновениот Никола Ристановски.
„И по 20 години на ТВ ,,само едно е наше маало” , напиша Јелена во опис.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ