Го победи коронавирусот и прослави со пиво: 103-годишна старица покажа дека е посилна од болеста (ВИДЕО)
Сила на волјата или неверојатна желба за живот ја вратија на нозе оваа старица.
Првите прогонози за излекувањето на Џени Стејн, заболена од коронавирус, не беа добри. Имено, оваа 103 годишна старица во еден момент престана да јаде и да пие, а речиси не можеше ниту да зборува.
Поради лошата дијагноза, нејзиното семејството е повикано да се прости од неа, но тогаш работите тргнаа на подобро.
– Одлучив, не сум болна, сакам да си одам од овде, му рече Џени на својот внук Дејвид, кој потоа тоа им го пренесе на медицинскиот персонал.
Со сила на волјата или поради неверојатната желба за живот, оваа старица се врати на нозе.
По неколки дена, медицинските сестри во болницата во Масачусетс, го повикаа семејството на Џени и ги известија дека бабата Џени се опоравува и дека нејзината состојба е многу подобра.
За да го одбележат тоа што во 103-тата година од животот, баба Џени се излечи од коронавирус, и дозволија моментот да го прослави со своето омилено пиво.
Jennie Stejna, 103, beat coronavirus. So, she celebrated with a beer. https://t.co/pvanvIxAwJ
— USA TODAY (@USATODAY) May 27, 2020
– Секогаш говорев, во текот на жешките денови се што ви треба е едно студено пиво – истакна нејзината внука Шели Ган.
Бабата Џени сè уште се наоѓа во болница. Со оглед на нејзините години лекарите ја задржаа за да се осигураат дека нејзината состојба е стабилна.
Но семејството по овој повод истакна дека не се сомневаат дека бабата ќе им се врати во добро здравје.