Го паметите ли ова момче – ја претставуваше Македонија на Евровизија, а еве што работи денес
Убавото момче порасна во згоден и успешен маж.
Боби не се откажа од најголемата љубов.
Боби Андонов е македонски пејач, текстописец и продуцент, роден во Мелбурн, Австралија, по потекло од Струмица, а денес живее и работи во Лос Анџелес.
ФОТО: Принтскрин
Настапувал уште од шест години, кога почнал со танување и пеење во неговиот роден град Мелбурн.
На девет години, глумел како Дени Зуко во детска продукција на мјузиклот Брилијантин.
ФОТО: Принтскрин
Од 13 до 15 годишна возраст живеел во Македонија.
Tокму тој и го донесе петото место на Македонија со песната „Прати ми СМС“ во 2008 година, на детската Евровизија во Кипар.
Потоа тој бил избран да биде еден од четирите млади Симба во бродвејската продукција на Кралот лав во Мелбурн и Шангај, Кина.
ФОТО: Принтскрин
Неговата кариера доживеа голем подем по учеството на австралискиот „Гот Талент“. И токму тоа му ги отвори вратите за уште поголем планетарен успех.
Во ноември 2015, Андонов потпишал договор со Холивуд Рекордс и се преселил во Лос Анџелес, каде што живее денес.
ФОТО: Инстаграм / Боби Андонов
Боби денес ужива голема популарност, редовно настапува, а за овој македонски славеј светот допрва ќе слуша.
Повеќе негови фотографии погледнете во продолжение: