Го паметите ли Даскал? Жареше и палеше на македонската сцена, па го снема – еве што работи денес и како изгледа
Пред многу години направи бум, жареше и палеше на маедонската музичка сцена, а сега нема ниту трага ни глас од него.
Дали се сеќавате на Дејан Даскалов – Даскал, кој направи многу хит песни и беше ултра популарен пред повеќе од 10 години.
„Дежа Ву“, „Далеку си“, „Засекогаш со мене“ се песните по кои публиката го памети Даскал.
Момчето кое беше љубител на алтернативниот начин на облекување, денес се занимава со професија која нема никаква поврзаност со музиката.
Тој ги кршеше срцата на девојчињата, а денес се има многу променето.
Се појави во периодот кога се случи револуција на македонската поп сцена, односно периодот кога наши најпопуларни пејачи беа Врчак, Угро, Ребека, Ерзана, Ин и други.
Даскал беше дел од оваа музичка елита, девојките беа луди по него, а момците се пронаоѓаа во текстовите на неговите песни. Благодарение на социјалните мрежи, публиката може да ги пронајде сите славни личности кои се повлекле од сцената и да погледнете каде се и што прават денес.
Денес Даскал е работен како Спец. Д-р интервентен Радиолог на Клиника за Радиологија – Скопје.
Во интервју за Забава.мк изјави деа премногу си ја сака својата работа и ужива работејќи како доктор, иако има премногу обврски.
Но, и покрај сѐ, тој не се откажува од музиката. Вели дека не може да замисли ниту ден без музика во сите облици. Таа е дел од неговиот живот и само со музика може да се релаксира, развесели.
На прашањето дали повторно би е вратил на естрадата, Даскал одговори со изреката„никогаш не вели никогаш“. Но, поради многуте обврски кои ги има со сегашната професија, нема толку многу време да се посвети на негоата љубов – музиката.
Вели дека сѐ уште чува необјавени песни за кои чека сите коцки да се вклопат и да ги објави, затоа што понекогаш многу му недостигаат моментите кога бил музичар.
Од песните кои тој ги има испеано најдраги му се неговата пра песна „Засекогаш со мене“ и „Дежа ву“, која беше огромен хит, а е дует заедно со пејачката Сања Лефкова, која исто така долго ја нема со нов проект.
Иако долго го нема, сепак една генерација порасна со негоите песни, па сега и некои од негоите пациенти го препознаваат.
„Знаат да ме препознаат и нели од тој тип на прашања а некогаш и има закаснета реакција во стилот „ти си бил пејач ауууу а како ти се викаше групата…“, вели тој.
Иако не сака да открива многу за својата приватност, тој кажа дека слободното време сака да го поминува со пријателите, да оди на прошетка о природа и да разговара со луѓе.
Кога е нервозен и не му е денот знае и да засвири на своето пијано, што за него претставува релаксација.
Даскал е актиен и на социјалните мрежи, каде споделува фотографии на кои може да се забележи дека иако како времето а запрело за него и изгледа како на почетокот на кариерата, сепак сега станува збор за сериозен и отмен маж, кој не престанува да реди успеси во својата кариера. Погледнете повеќе фотографии: