Го најде своето бебе како спие на подот од кујната: „Јас сум шокирана, ме обвинуваат дека сум лоша мајка“
Мајка изненадена од лошите коментари под видеото на кое нејзиното бебе спие на подот во кујната
Оваа мајка најпрво беше збунета кога ги доби првите грди коментари за своето бебе што го сними додека спие на подот.
Аманда Риродон е инфлуенсерка која редовно објавува фотографии од своето секојдневие, но и од своето бебенце.
Оваа мама овој пат објави видео на кое ја снимаше својата двомесечна ќерка Сиера како спие на подот во трпезаријата.
Но наместо позитивни реакции, таа беше шокирана од злонамерните коментари на поединци кои ја обвинија дека не внимава на свето бебе и дека го оставила толку долго само што тоа заспало на подот.
Сепак, не беа сите огорчени од прекрасното видео што оваа млада мајка го објави на Инстаграм, и многумина беа на нејзина страна бидејќи знаеја дека нејзиното бебе заспива многу брзо, и тоа во длабок сон, што таа и претходно го има објаснето.
„Доколку долго време ја следите, ќе знаевте дека Сиера спие каде стаса, напиша Аманда под видеото на кое што нејзината наследничка спие на подот измеѓу кујната и трпезаријата, и тоа во длабок сон.
Но некои родители не беа импресионирани од видеото па сакаа да го споделат своето размислување:
„Колку долго беше сама на таа возраст за да ја најдете така?“ ја праша една жена, додека друга беше шокирана што таа го „пронашла“ своето бебе.
„Па, дали е ова нормално. Имам две деца и ниту едно од нив не спие на вака необични места“, коментираше трето лице.
Но Аманда не ги зема за серозно ваквите критики па дури и саркастично им одговори на овие загрижени жени, па така на еден коментар во кој ја прашуваат „А каде беше ти за тоа време, мајко“, таа одговори: ‘
„Се сончав на мојата супер јахта“.
А на коментарот „Колку долго беше сама на тие години па да ја најдете така“, Аманда одговори:
„12 часови, таа е супер независна“, а потоа понуди и легитимно објаснување.
Фото: Инстаграм/ Аманда Риродон
„Да разбирам, дека тоа можеби така звучи, но таа не исчезна. Во еден момент беше будна, а во следниот веќе во длабок сон“, појасни Аманда.
Фото: Инстаграм/ Аманда Риродон
Фото: Инстаграм/ Аманда Риродон
Фото: Инстаграм/ Аманда Риродон
Фото: Инстаграм/ Аманда Риродон
Фото: Инстаграм/ Аманда Риродон