Реклама
LIFESTYLEВирално

Го напушти својот сопруг, па тој освои 82 милиони евра

Реклама

По 18 месеци откако неговата сопруга си замина, Аде Гудхилд, поранешен работник во фабриката, освои 82 милиони евра на лотаријата „EuroMillions“.

Иако ја освои 15-тата најголема добивка во британската историја, неговата поранешна жена за да преживее мора да работи две работни. Но неговата поранешна сопруга Сузана тврди дека не се попишманува.

Маркетинг

„Не сакам ниту денар од неговите пари”, наводно им рекла на родителите кои приказната ја раскажаа за „Дејли мејл”.

“За греота, таа беше несреќна поради тоа што тој стана себичен. Тој не и помагаше воопшто, дури не сакаше ни да ги прошета и нивните кучиња. Таа беше разочарана па така дојде до разводот “, рече нејзината мајка. По разводот, кој бил пред 18 месеци, Сузана се преселила во изнајмен стан и работел 14 часа дневно на две работни места за да преживее.

Маркетинг

„Денес разговарав со неа и таа е свесна дека може да бара добар дел од тие пари, новели дека не сака ни денар. Таа му поскаува се најдобро, за неа тој дел од живот е завршен. Никогаш не сум ја видела толку среќна откако се разделија “, вели мајката на Сузана.

Гудхилд тврди дека тој и неговата поранешна сопруга биле во добри односи и дека не се скарани.

„Кога ѝ реков дека има мосвоено 71 милион фунти, таа не ми веруваше, бидејќи знае дека сакам да се шегувам”, рече тој. За Дејли мејл, откри дека размислува да купи нова куќа со базен, џакузи и персонал за да се грижи за неа, како и за патувања, спортски настани и четири нови автомобили.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button