Реклама
Новости

Го загубила 31-годишниот син, растревожена мајка, на протестот во Скопје, зборуваше за голготата што ja поминале

Жената била поранешна медицинска сестра

Реклама

Една храбра мајка, прерано завиена во црнина, вечерва застана пред толпата насобран народ од стотици граѓани кои излегоа на Протестот за скандалот на Онкологија и ја раскажа својата болна судбина.

Пред осум години го закопала сопствениот син на само 31 година, растревожено зборуваше кутрата жена која едвај стоеше на нозете, додека ги споделуваше најтешките мигови од нејзиниот живот со јавноста. Се со цел да им ги отвори очите на граѓаните, бидејќи на секој може да му се случи.

Маркетинг

Откако на нејзиниот син лекарите му пронашле рак, бидејќи во тоа време немало торакален хирург во Македонија ги пратиле во Виена, каде нејзиниот син бил третиран ласерски. Лекарот од Виена им препишал три хемотерапии.

Се вратиле во Македонија и одлучиле  во „Систина“ да ги прими хемотерапиите, а таму им кажале дека ги немаат тие цитостатици. За десет минути им рекле да се вратат, дека ги нашле потребните цитостатици.

Маркетинг

-Јас сум 44 години медицинска сестра не знам како ги најдоа цитостатиците за десет минути. По хемотерапиите, на син ми ниту апетитот му се намали, ниту коса му испадна, ниту ослабе. Ова не се случува само во јавното здравство, мене ми се случи во „Систина“, рече мајката.

Кога се вратиле во Виена лекарот им кажал дека хемотерапијата била неуспешна.

Видно расттревожена, зборувајќи во солзи и болка на мајката и се слоши па мораше да интевенира и екипата на Брзата помош.

Погледнете го потерсното сведоштво.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button