Го жртвуваше својот живот за да добие дете – ТАЖНАТА ПРИКАЗНА за починатиот син на Енес Беговиќ
Терапијата беше пресилна...
Синот на пејачот Енес Беговиќ, Армин Беговиќ, кој во четвртокот беше закопан на гробиштата во Сараево, зад себе остави бремена сопруга.
Како што пишуваат медиумите, Армин уште од мал, заради автоимуната болест што ја имал, морал да прима инјекции.
Според пријател близок до семејството на пејачот, тој не смеел да ја прескокнува терапијата, бидејќи докторите му кажале дека и една обична настинка би можела да му направи хаос во организмот.
Но Армин бидејќи многу сакал да добие дете, решил да престане со терапијата и неговата сопруга навистина забременила.
Неговата најголема желба била да стане татко, но заради ослабениот имунитет го нападнала бактерија и не успеа да ја победи болеста.
„Ме боли душата кога ќе помислам дека, како што се вели, животот го даде за да стане татко, а не стигна да го држи бебето во рацете, на што најмногу се радуваше“, вели пријателот на семејството Беговиќ за „Република.рс“.
По оваа тажна приказна се огласи и кумата на Армин, Елвира Рахиќ, која и покрај големата болка смогна сили да даде нови информации за бремената Алмина, која во секој момент би можела да се породи.
„Единствената вистина е дека е дома, опкружена со драги луѓе и во голема болка, а другото не сакам да го коментирам во овие моменти“.
„Жената е бремена, има право да отиде во болница на преглед со обѕир на тоа дека терминот за породување и се ближи“.
„Нема потреба да се измислуваат приказни за царски рез. Целото семејство на Енес е со неа, нејзиното исто така. И сите сме во голема болка. Се надеваме дека бременоста ќе помине како што треба. Само таа знае како и’ е сега, како му е на целото семејство по трагедијата“, заклучи Емира.
Потсетуваме, синот на познатиот босански пејач од самото раѓање имал автоимуно заболување со кое се борел со години, а најголема улога во неговата секојдневна борба имал токму татко му Енес.
Тие заедно посетиле голем број клиники и доктори, а лекот што го нашле пред неколку години, Армин го примал секој месец.
Во прашање се скапи инјекции кои ја стабилизираа неговата состојба, но по некое време ситуацијата повторно му се влошува.
Тој претходната сабота беше примен во болница, но и покрај максималниот напор на докторите, нема да успее да ја победи болеста.