Го гледавме во Сулејман Величествениот, но во приватниот живот тој изгледа МНОГУ поразлично – ќе се изненадите!
„Сулејман величествен“ е турска серија за Отоманската империја која беше популарна во Турција, но и во Македонија.
Една од најзабележливите споредни улоги, покрај онаа на шармантниот Бали-бег беше и улогата на Зумбул ага, која што ја играше познатиот турски актер Селим Барјактар.
Гледачите со нетрпение ја чекаа секоја следна епизода и внимателно ги следеа судбините на ликовите на Сулејман, Хурем, Зумбул ага и многу други. Зумбул ага беше задолжена за редот во харемот, и беше десна рака на султанката Хурем, што ја играше Мерјем Узерли.
Во серијата, Селим, во согласност со обичаите во харемот и како заштитен знак, носеше турбан на главата, и секогаш беше чист-избричен и облечен во впечатливи долги фустани.
Многу дами беа заинтересирани за тоа како Селим всушност изгледа приватно, за разлика од неговата улога.
И верувајте, многу од нив беа изненадени кога го дознаа тоа.
Имено, тој е сурфер, фанатик за одржување на кондиција, практикува разни спортови за да остане во физичка форма и на фотографиите на Инстаграм изгледа одлично.
Голема пасија му е и јогата и веќе со години учествува на разни натпревари кои се одржуваат насекаде низ светот.
Можеби не сте знаеле, а е поврзано со ликот на Зумбул ага, е тоа што тој беше осмислен да трае само неколку епизоди, но по одличните реакции на публиката, одлучено е да остане до крајот на серијата.
Тој е роден во Ирак, во 1975 година. Неговото семејство од оваа земја емигрира во Турција кога тој имал само 13 години.
Неговиот татко работел во нафтена компанија во Ирак, па тој таму го поминал детството.
Тој во една пригода изјави дека еднаш, кога бил дете, во училиштето каде што учел, дошол Садам Хусеин и дека од сите деца му се доближил баш нему. Му кажал дека би бил добар војник и дека во ирачката војска е неговата судбина. Тие зборови останале врежани во неговото сеќавање, па неговото семејство одлучува да избега од Ирак, и покрај војната, затворените граници и куршумите што летале на сите страни..
„Беше навистина ужасно, ракетите летаа над нашите глави, мажите беа носени во војната, а жените силувани. Мојот татко еден ден дојде дома и ни рече – Одиме за Турција. Јас сум му благодарен заради тоа“, истакна актерот во едно свое интервју во кое се присети на овие тешки денови.
Селим враќајќи се во родната Турција, со своето семејство, завршил средно училиште, а потоа и актерство. Долго време играл споредни улоги во театрите, а пред филмските камери прв пат ќе се најде дури во 2009 година. Сепак, најголема популарност стекнува со неговата генијална улога на Зумбул ага во популарната серија Сулејман Величествениот.
По оваа улога тој ќе се појави во уште многу други познати турски серии, но гледачите речиси не го препознаваат бидејќи изгледа потполно поинаку.