Реклама
Наши ѕвезди

Гоца Тржан се сликаше топлес, па објави разголена фотографија и од својот сопруг: „Сакам нудистички плажи и пресреќна сум што се будам покрај ваков маж!“

Реклама

Познатата пејачка Гоца Тржан отсекогаш сакала нудистички плажи и уживала да се бања без костими за капење.

Но и покрај тоа неодамна наиде на осуда од јавноста кога објави фотографија на социјалните мрежи на која позира топлес, а во преден план се нејзините танги.

Маркетинг

Гоца потоа за медиумите изјави дека води сметка како се однесува, особено затоа што има млада ќерка, но тоа не значи дека ќе ги занемари правилата на шоубизнисот, бидејќи тоа е работата со која што се занимава и од заработува пари. Според неа одредена доза на провокација е посакувана во нејзината работа и нема зошто да се срами од тоа. Од друга страна пејачката не се срами и отворено зборува и дека со години посетува нудистички плажи бидејќи за неа голото тело е најнормалната работа на светот.

Маркетинг

„Не се срамам од голотијата и ниту некој би требал да се срами од најприродната работа на светот“, објаснува пејачката која покрај своите провокативни фотографии сака да споделува и фотографии од својот сопруг, Раша Новаковиќ.

https://www.instagram.com/p/BkcRB_7gfAm/?taken-by=gocatrzan

 

„На Раша не му пречи кога ќе објавам фотографија на која е само во долна облека. Тогаш зошто некој би имал проблем со тоа кога и јас ќе го направам истото? Тоа е мојата реалност, спијам во истиот кревет со него и моја среќа е што секое утро се будам покрај таков маж“, вели Гоца за српскиот Курир.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button