Гоца Тржан го прослави 12-от роденден на својата ќерка – еве што беше нејзиниот подарок
Пејачката Гоца Тржан неодамна го прослави 12 роденден на својата ќерка Лена која ја доби од бракот со ријалити ѕвездата Иван Маринковиќ.
Познатата пејачка пред камерите на естрадниот магазин „Ексклузива“ откри како помина прославата, но притоа ги превртуваше очите очигледно не согласувајќи се со желбата на Лана која сепак и ја исполнила.
„Правеше журка за другарите и другарките во дискотека. Беше топ. Супер се забавуваа, иако беше тешка дупка, како и секоја друга дискотека која смрди на затворено, но тие имаа впечаток дека се во клуб. Пиеја само сокчиња. Им кажав дека нема алкохол“, се пошегува Гоца.
„Па секако дека на списокот со музика немаше ни една моја песна. Нејзе и е незгодно ако јас запеам било каде“, додаде гордата мама притоа откривајќи и што барала Лена како подарок за својот роденден.
Бараше од мене да и направам журка и да и го заменам екранот од телефонот кој го направи парампарче, изјави Гоца.